Економија
Пешевски: Занаетчиството е во подем
Македонската Влада континуирано соработува со занаетчиските комори и занаетчиите и заедно ги креира политиките за развој на оваа гранка, бидејќи оваа дејност не изумира, туку напротив, доживува подем.Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски пред учесниците на годишното Собрание на Балканската канцеларија за мало стопанство и занаетчиство, во која членуваат стопански организации и комори од целиот Балкан, а чии домаќин оваа година е Занаетчиската комора на Република Македонија.„Спроведовме низа мерки за олеснување на работата на занаетчиите и подобрување на условите во кој тие дејствуваат, започнувајќи со усвојувањето на „Стратегијата за развој на занаетчиството во Република Македонија 2012-2020“ како и со воведувањето на Регулаторна гилотина за занаетчии, со која се елиминираа низа административни бариери кој го отежнуваа секојдневното работење, а воедно се намалија и голем дел трошоци за фирмите и занаетчиите“, рече Пешевски.Тој информираше дека во тек е креирање на новиот Закон за занаетчиство, кој треба да ги уреди условите и начинот на вршењето на занаетчиска дејност, организирањето на коморскиот систем како и условите и начинот за стекнување на квалификации за вршење на занаетчиска дејност. „За занаетчиите обезбедивме и пристап до финансиски средства, односно субвенционирање, преку проектите „Поддршка на Автентични занаети“ и „Поддршка на Занаетчиско производство и Занаетчиски услуги“, кои се реализираат преку Министерството за економија. Дополнително на занаетчиите достапни им се средства од проектот за самовработување, преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, за кој проект се издвоени над 200 милиони денари“, истакна Пешевски.Балканската канцеларија за мало стопанство и занаетчиство е дел од проектот „Западен Балкан“, кој има за цел да ја поттикне соработката на регионално ниво помеѓу учесниците во занаетчискиот сектор. Овој проект е финансиран од страна на Сојузното министерство за стопанска соработка и развој на Германија, преку Занаетчиската комора Кобленц.На настанот присуствуваа претставници на организации, комори, како и здруженија од Германија, Бугарија, Молдавија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Романија, Косово и Германија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

