Економија
Вицепремиерот Пешевски се сретна со стопанствениците од Маврово и Ростуше
Вицепремиерот Владимир Пешевски во вторник оствари работна посета на општина Маврово и Ростуше каде одржа средба со стопанственици од тој регион.
За време на средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на општината, Мукрем Мехмеди, се дискутираше за условите за водење бизнис во регионот, како и можностите за подобрување и унапредување на бизнис климата.
Стопанствениците изразија задоволство од досегашната соработка со Владата и локалната самоуправа и ги поздравија мерките и чекорите кои оваа Влада ги презема во изминатиот период за континуирано подобрување на бизнис климата и условите за водење бизнис.
„Владата на Република Македонија е особено фокусирана на олеснување на условите за делување на стопанствениците. Директните средби, од овој тип се особено важни за нас, со цел да ги слушнеме нивните сугестии и предлози, но во исто време и имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со плановите и стратегиите на Владата поврзани за унапредување на бизнис климата”, рече Пешевски.
Тој додаде дека Владата ќе продолжи со досегашната поволна даночна политика на државата која овозможува реализација на развојните планови и инвестиции од страна на компаниите.
Пешевски понатаму се запозна со предизвиците со кои се соочуваат компаниите од овој регион, како и со нивните сугестии за надминување на истите. Тој им ги посочи и можностите кои ги нуди Владата преку програмата за покривање на трошоците за ангажирање на менаџери со специфични знаења кои можат да им бидат од голема помош на компаниите.
„Ова претставува дополнителен стимул за унапредување на веќе постоечките компании, што е од особена важност за нас како Влада, земајќи во предвид дека повеќето од стопанствениците кои беа присутни денес на средбата, се повратници од странство, кои имаат желба и понатаму да инвестираат во сопствената земја. Наша должност е да им го олесниме тој процес”, додаде Пешевски. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

