Економија
Португалија ја напушта програмата на меѓународна помош?
Меѓународните кредитори ја започнаа во вторникот својата последна проценка за достигнувањето на Португалија во рамки на мерките за спас на државата од банкрот, а на дневниот ред се натамошните реформи и евентуалниот стенд-бај заем.
Инспекторите од Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одржаа еден состанок со водечката опозициска партија-социјалистите, која според испитувањето на јавното мислење наредната година би требало да победи на општите избори.Од ММФ истакнуваат дека е клучно да се постигне политички консензус во Португалија за тоа да не се зголемуваат буџетските расходи откако ќе заврши актуелната програма. Неодамнешното враќање на економски раст го подобри краткорочните изгледи на Португалија, но потребно е да се направат дополнителни напори за да се ослободи пазарот на труд и да се намалат трошоците за работа и невработеност“, напоменуваат од ММФ.Португалските социјалисти се согласни дека мора да продолжи фискалната дисциплина. Сепак, ги отфрлаат натамошните мерки на штедење, кои владината коалиција на десниот центар продолжува да ги применува во оваа и во наредната година, покрај веќе воведеното големо зголемување на даноците и намалување на државната потрошувачка, што е во согласност до условите на меѓународниот пакет на помош.Економскиот раст во 2013 година, со кој е завршена најлошата португалска рецесија од 1970 година, поттикнат со закрепнувањето на извозот и личната потрошувачка, ги подобри изгледите на државата за завршување на меѓународната програма на помош без земање на стенд-бај кредит.Португалската влада вети дека до 5 мај, кога е се состанат министрите за финансии на еврозоната, ќе дефинира, дали про примерот на Ирска, ќе излезе од 78 милијарди евра вредната програма за помош или од предострожност ќе побара кредит од европската унија за финансирање на враќањето на пазарот на обврзници.Португалскиот вицепремиер Паоло Портас во понеделникот изјави дека владата се уште размислува за излезна стратегија, истакнувајќи дека приносите на португалски обврзници се близу нивото на кое беа обврзници на Ирска пред да излезе од програмата а помош во декември минатата година.Аналитичарите истакнуваат дека без оглед на ставот на идната влада, Португалија нема да има многу простор туку и натаму да се придржува до европските цели, иако растот во 2013 година укажува дека натамошните мерки на штедење, по 2015 година, би можеле да бидат поблаги, доколку економијата продолжи да расте согласно проценките. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

