Економија
Кина водечка по конкурентноста на производството, потоа следат САД
Најновата лист ана водечките светски извозници според конкурентноста на производството покажа дека Кина и натаму е на првото место, како но дека САД се „ѕвезда во нагорна линија”.
Во извештајот на Boston Consulting Group (BCG) објавен во петокот, се наведува дека Кина и натаму е водечката земја во светот во смисла на производствената конкурентност. Меѓутоа, нејзината позиција е под притисок поради растечките трошоци на трудот и транспортот, како и забавениот раст на продуктивноста.
САД, коишто од 1979 година досега загубиле речиси 7,5 милиони работни места во индустријата откако производителите го преместуваа производството во земјите со пониски трошоци, сега се наоѓаат на второто место според вкупната конкурентност, забележуваат од BCG.
Трета на оваа листа е Јужна Кореја, а пота следат Велика Британија па Јапонија. На пестата позиција е Холандија, а зад неа се Германија, Италија, Белгија и Франција.
Најголемиот фактор кој влијаел врз конкурентноста на САД, според BCG, се цените на домашниот природен гас, кои во последните десет години паднале за 50 отсто. За атрактивноста на САД, исто така, придонесува „стабилниот раст на платите”, што е всушност еуфемизам за фактот дека платите во индустријата, кога ќе се прилагодат на инфлацијата, денес се помали отколку што биле во 1960-те години, иако во истиот временски период продуктивноста на работниците се удвоила, BCG.
Вкупните трошоци на производството во САД се меѓу 10 и 25 отсто пониски отколку кај десетте водечки светски извозници на стоки, освен кај Кина, и се наоѓаат на нивото на оние во источна Европа, се забележува исто така во извештајот на BCG.
Од BCG и Мексико го категоризираат во групата „ѕвезда во нагорна линија”, затоа што има пониски просечни трошоци на производството од Кина. Меѓутоа, оваа земја не успеала да влезе на списокот од десетте најконкурентни светски производители поради други фактори, вклучително и незаузданиот криминал и корупцијата.
При рангирањето BCG го користи индексот кој се фокусира на четирите главни фактори: платите, растот на продуктивноста, трошоците на енергијата и валутните курсеви.
Освен Кина, уште Бразил, Русија, Чешка и Полска се земјите коишто имаа реноме на центри со ниски производствени трошоци, па се класифицирани како земји кои се „под притисок” во смисла на производствените трошоци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

