Економија
Украина однапред ќе го плаќа рускиот гас
Украина од јуни ќе мора однапред да ги плаќа испораките на рускиот природен гас бидејќи нејзиниот долг изнесува неколку милијарди американски долари, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.
„Русија преминува на режим на плаќање однапред за гасот кој ѝ се испорачува на Украина”, се наведува во писмената изјава на рускиот министер за енергија, Александар Новак. Новите прозападни власти во Киев кои го соборија претседателот Виктор Јанукович поради неговото решение да го сторнира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со ЕУ поради тешката економска состојба и да потпише договор со Русија за заем од 15 милијарди долари и намалување на цената на рускиот гас за Украина за третина според Новак направиле долг за рускиот гас од 3,5 милијарди долари. Досега од крајот на март Русија не примила ниту една уплата, се прецизира на соопштение.
Кон средината на април Русија објави дека го повлекува намалувањето на цената на својот гас за Украина постигнат во договор со сега соборениот украински претседател Виктор Јанукович, ланскиот декември. Според тој договор, цената беше намалена за повеќе од третина и се симна на 268 долари за 1.000 кубни метри гас. Покрај тоа, Украина уживаше и попуст од дополнителни 100 долари во цената на гасот, според договорот потпишан за користење на базата на руската Црноморска флота на полуостровот Крим кој во меѓувреме, со референдум се присоедини кон Русија. Така сега со укинувањето на сите договори и попусти, цената на рускиот гас за украинските потрошувачи се зголемува на 485 долари за илјада кубни метри.
„Русија не може и не мора самата да го понесува товарот на поддршка на украинската економија на којашто ѝ дава на цената на гасот и ги бришат долговите”, наведува во изјавата рускиот министер за енергетика.
Во април рускиот претседател Владимир Путин ѝ даде на владата во Киев рок од еден месец да го решат прашањето на долгот за гасот и предупреди на системот на плаќање однапред.
Генералниот директор на компанијата „Газпром Експорт”, фирма-ќерка на „Газпром” одговорна за транспортот на гас, воедно и вицепретседател на рускиот енергетски гигант, Дмитриј Медведев кој е одговорен за испораките на гас за Европа, исто така, оцени дека не може да се толерираат неплатените украински сметки за гасот.
Оваа префрлување на системот за плаќање на сметките однапред во Европа се сметаат како закана за прекин за доставување на рускиот гас за Украина, со опасност од пореметување на испораките на руски гас за земјите членки на Европската унија како времето на кризите од 2006 и од 2009 година кога Русија ја обвини Украина дека ги поткраднува количествата гас упатен кон Европа кои минуваат низ гасоводите на украинска територија. Токму тоа беше и една од причините за покренување на проектот Јужен тек, рускиот гасовод кој ја заобиколува украинската територија и треба да заврши до потрошувачите во западна Европа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

