Економија
Лондон е град со најмногу милијардери
Лондон има повеќе милијардери од кој и да е друг град на светот, а Велика Британија, пак, има најголема концентрација на милијардери според бројот на жителите, покажаа податоците од истражувањето спроведено за весникот The Sunday Times.
Во Лондон живеат 72 од 104 милијардери во Велика Британија, а на второ место е руската престолнина Москва со 48 милијардери. Американската метропола Њујорк е трет со 43, па следата американските градови Сан Франциско со 42 и Лос Анџелес со 38, додека во кинескиот мегалополис Хонгконг живеат 34 милијардери.
Пријавените во Велика Британија 104 милијардери располагаат со вкупно богатство од 301,13 милијарди фунти или 268,75 милијарди евра. Минатата 2013 година во Британија имаше регистрирано 88 милијардери со вкупно богатство од 300,8 милијарди евра.
Богатството на британските милијардери денес далеку го надминува она од 2008 година, пред рецесијата кога нивното вкупно богатство изнесуваше 201,99 милијади фунти или 247 милијарди евра.
Наспроти тоа, според податоците објавени во петокот, бруто домашниот производ (БДП) по жител во Велика Британија, а тоа е податокот со кој најчесто се мери просечното богатство на населението , паднал далеку под БДП-то од 2008 година и нема да го надмине пред 2017 година.
Капиталната организација Trussell Trust, којашто е најголемата банка за храна во земјата, наведува дека бројот лица кои бараат помош во храна се зголемил за 163 отсто за една година и кон крајот на март 2014 година достигнал 913 илјади луѓе. Таа бројка е „шокантна”, оценува оваа организација, бидејќи во него не се пресметани лицата кои за помош им се обратиле на другите организации, ниту лицата кои се срамат да побараат таков вид помош./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

