Економија
Македонски стопанственици во Германија се запознаваа со темата за енергетска ефикасност во индустријата
Претставништвото на Германската стопанска комора во Македонија во рамките на проектот „Bayern- Fit for Partnership” под покровителство на Bayern International организираше еднонеделно делегациско патување во Баварија, Германија на тема „Енергетска ефикасност во индустријата”.
Делегациското патување се одржа од 11-ти до 16-ти мај, а делегацијата ја предводеше Марија Радевска од Претставништвото на Германската стопанска комора во Македонија, а истата ја сочинуваа шест компании од Македонија, меѓу кои „Витаминка Прилеп”, „Раде Кончар контактори и релеи”, „Прилепска Пиварница”, како и ѓест компании од Србија.
Целта на ова патување е запознавање со современите технологии кои се користат за заштеда на енергијата во индустриското производство, како и во самите производни процеси, така и при одржување на фабриките и погоните. Користењето на нови извори на енергија за компаниите значи огромна заштеда при производните процеси.
Делегација ги посети компаниите „Кесер”, лидер во светот во производство на компресори, фабриката „Сименс” во Амберг, фабриката „Машинен Фабрик Рејинхаусен”, кој е прогласена во 2013 година за Hidden Champions 2013 (скриен шампион) од Баварија.
Делегација имаше можност да ја посети и фабриката МТУ која е дел од „Ролс Ројс” енергетски системи, кој е светски лидер во производството на дизел мотори и ко генеративни системи наменети за електрични и нуклеарни централи.
Делегацијата ја посети и фабриката Волф-Хејцтехник во Мајинбург специјализирана за системи за греење, ладење и техника за соларна енергија. Експерти од компанијата не информираа дека во Германија има само 1.000 сончеви часа годишно, што е трипати помалку од Македонија која годишно има и повеќе од 3.000 сончеви часа и посочија дека и при тие климатски услови во Германија соларните системи имаа огромен придонес во штедењето енергија и чување на животната средина.
Во склоп на ова патување беше одржан и интерeн саем на кој се претставија осум германски компании кои се занимаваат со производство на најсовремена опрема за енергетска ефикасност во индустриското производство. Германските компании сметаа дека има голем потенцијал за соработка со компаниите од Македонија и Србија.
„Покраината Баварија е најголема од сите 16 покраини во Германија и претставува локомотива која ја влече германската економија со извоз од 166 милијарди евра во 2013 година и тренд на раст во 2014 година, воедно е и еден од најважните трговски партнери на Македонија со трговски волумен од 675 милиони евра”, рече Марија Радевска од Германската стопанска комора во Македонија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

