Економија
Фабричките активности во Кина осетно подобрени во мај

Активностите во фабриките во Кина во мај бележат осетно подобрување, покажа извештајот на британскиот банкарски гигант HSBC објавен во четвртокот.
Прелиминарниот индекс на менаџери на набавка (PMI), кој ги мери активностите во фабриките и работилниците на втората по големина светска економија во мај изнесува 49,7 отсто, со што значително го надмина априлскиот конечен PMI индекс од 48,1 поен. Иако мајскиот PMI е на највисоко ниво за последните пет месеци, се уште се држи под нивото од 50 поени, граница која го дели растот од падот на активностите, сугерирајќи дека активностите на фабриките и натаму се намалуваат.„Подобрување е забележано на широка основа, при што новите нарачки и новите странски нарачки повторно бележат раст“, рече Кју Хонгбин, економист во HSBC. „Забележани се одредени колебливи знаци на стабилизација, делумно како резултат на неодамна утврдените мини поттикнувачки мерки и пониските трошоци за задолжување“, додаде Хонгбин.Тој предупреди, меѓутоа, на ризиците од слабеење на растот проади продолженото слабеење на активностите на пазарот на недвижнини, кои инаку поттикнуваат експанзија во целата индустрија, од челичната до сегментот на уредување на куќите.Во првите три месеци од годината кинеската економија порасна за 7,4 отсто, благо забавувајќи во споредба со 7,7 отсто колку што изнесуваше растот во претходното тромесечје. Кинеска влада во март објави дека цели на раст од 7,5 отсто во оваа година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.