Економија
Растот на активностите во еврозоната стабилен

Растот на активностите во приватниот сектор во еврозоната се стабилизираше во мај близу највисокото ниво за три години, а растот на новите нарачките сигнализира продолжување на позитивниот тренд и во наредниот месец, процени во четвртокот лондонски Markit.
„Растот во еврозоната во мај подзабави, но тоа не ја менува битно сликата во регионот кој бележи најсилен раст за три години, особено ако се земе во предвид дека забрзувањето на растот на новите нарачки сигнализира дека растот би можел повторно да забрза во јуни“, толкува главниот економист на Markit, Крис Вилијамсон. Збирниот индекс на менаџери на набавка (PMI), што го изработува истражувачката компанија врз основа на анкетата спроведена меѓу илјадници компании во еврозоната, изнесува во мај 53,9 поени, што е близу највисоката вредност за три години, пресметаа во Markit. Во април изнесуваше 54 поени.Показателот на новите нарачки скокна на највисоко ниво за три години и сигнализира продолжување на растот во јуни, стои во извештајот.Подобрувањето е видливо и во производниот и во услужниот сектор, иако производството и новите нарачки во услужниот сектор забележаа најголем скок од јуни 2011 година, додека во производниот сектор пораснаа по најбавно темпо од ноември минатата година.Работодавачите во двата сектора повторно ги зголемија капацитетит за да и удоволат на растечката побарувачка, при што во производниот сектор бројот на вработени е зголемен за пет месеци по ред, а во услужниот сектор втор месец по ред.Што се однесува до најголемите економии, силниот раст во Германија повторно беше во оштар контраст со разочарувачката изведба во Франција. Во остатокот на еврозоната растот на активностит повторно забрза достигнувајќи највисоко ниво за седум години. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари

Илон Маск би можел да стане првиот човек во историјата кој ќе добие акции во вредност од еден трилион долари, доколку во следната деценија „Тесла“ ги исполни своите најамбициозни цели, соопшти Управниот одбор на компанијата.
Според новата програма за наградување, Маск нема да добива пари или класични бонуси, туку акции, чија вредност би достигнала историски рекорд доколку плановите се реализираат.
Меѓу условите се вклучени продажба на 12 милиони електрични возила, лансирање на еден милион роботи со вештачка интелигенција и осмократен раст на вредноста на компанијата.
Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека иако задачите изгледаат скоро невозможно, токму визијата на Маск и неговата упорност се гаранција за успех.
„Задржувањето и мотивирањето на Илон е клучно за ‘Тесла’ да стане највредната компанија во историјата“, порача Денхолм.
Оваа објава доаѓа само еден месец по одлуката на американски суд, со која Маск доби 29 милијарди долари во акции, откако претходно беше поништено грандиозното доделување од 50 милијарди долари поради негова неправедност кон акционерите.
Со новата програма, „Тесла“ испраќа порака дека иднината на компанијата останува тесно врзана за најбогатиот човек на планетата и неговите визионерски планови.
Економија
Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според него, е резултат на одговорни владини политики.
„Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша Мицкоски.
Тој посочи дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што претставува пад од еден процент во однос на истиот квартал минатата година.
„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, нагласи премиерот.
Мицкоски се осврна и на трговската размена, посочувајќи дека во јули извозот пораснал за 4,69 проценти, а увозот за 4,35 проценти.
„Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти. Вкупната трговска размена во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период лани“, додаде тој.
„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред, со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој“, порача премиерот во својата објава.
Економија
Стојаноски: Економијата се буди, граѓаните наскоро ќе почувствуваат подобар живот

Во рамки на новото издание на емисијата „Ставот на регионот“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој говореше за состојбата на македонската економија и најави подобрувања што, според него, ќе донесат повисок стандард за граѓаните.
„Три квартали по ред имаме раст на БДП од над 3%. Индустриското производство од месец јули, споредено со јуни претходната година, е зголемено за 4,1%, а преработувачката индустрија бележи раст од 7%. Дополнително, забележуваме и поголем број туристи кои доаѓаат во државата“, изјави Стојаноски.
Тој нагласи дека Македонија гради темели на нова економска филозофија, чија цел е повисок стандард, подобри плати и пензии и поквалитетен живот за сите граѓани.
„Овие показатели укажуваат дека македонската економија полека заздравува. А кога ќе влеземе во полн ек на реализација на капиталните инвестиции и ќе го развиеме градежништвото, како клучна гранка, ќе имаме уште повеќе можности да помагаме и со дополнителни мерки“, додаде Стојаноски.