Економија
Шпанија подготвува нов пакет поттикнувачки мерки

Шпанија ова недела ќе најави нов пакет поттикнувачки мерки во вредност од 6,3 милијарди евра, ги пренесуваат европските медиуми зборовите на премиерот Маријано Рахој.
„Владата во петок ќе претстави пакет за подобрување на конкурентноста и продуктивноста“, изјави минатиот викенд премиерот Рахој.„Планот ќе вклучи инвестиции во вкупна вредност од 6,3 милијарди евра од што 2,67 милијарди ќе дојдат од приватниот, а 3,63 милијарди од јавниот сектор“, додаде премиерот.Целта на мерките е јакнење на конкурентноста на шпанската економија и отворање на нови работни места.Стапката на невработеност во Шпанија е близу 26 отсто, а кај младите на возраст до 24 години таа достигнуваа 50 отсто.Новите мерки би требало да опфатат пакет кредити наменети за малите и средните претпријатија и инвестиции во истражувањето и развојот, транспортот и штедењето на енергија. Премиерот најави и снижување на главната стапка на корпоративен данок од 30 на 25 отсто.Шпанија излезе од рецесија во октомври минатата година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Добив одлична вест во авион – растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
„Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во Март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%. Што наследивме како влада? Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за Европската економија и автомобилската индустрија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
Според него, ова се солидни индикатори и инспирација Владата да продолжи со дисциплинирани и развојни економски политики.
Економија
(Видео) Битиќи: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светската банка

Светската банка ја ревидираше својата проекција за растот на македонската економија за 2025 година од 3,0% на 2,6%. Надолната ревизија продолжува и за 2026 година, со очекуван раст на БДП од 2,7%, наместо претходно проектираните 3,2%. Станува збор за сигнал кој произлегува од реалните економски текови, не од желби и политички маркетинг. Светската банка не се занимава со реторика, туку со економска логика според која и во 2027 година се очекува раст од 2,8% – и тоа треба да го земеме сериозно, изјави Фатмир Битиќи од СДСМ.
Ако ја погледнеме и регионалната перспектива, додаде тој, Северна Македонија се соочува со уште еден неповолен факт – нашата земја има најниска проекција за раст во регионот на Западен Балкан за 2025 година и под регионалниот просек од 3,2%.
„Истовремено Светска Банка забележува дека земјата се соочува со проширен фискален дефицит, слабеење на трговската позиција, номинално забавување на инфлацијата, но притоа идентификувајќи домашни ценовни притисоци кои сигнализираат дополнителни ризици за стабилноста на куповната моќ. Сето ова упатува дека просторот кој Светска Банка го детектира за брзо економско закрепнување е многу потесен отколку што се претставува во јавноста од страна на Владата“, вели Битиќи.
Според него, со оваа надолна ревизија на проекциите, Светската банка укажува дека македонската економија во моментов не покажува динамика која би можела да поддржи стапка на раст над 3%. Во таков контекст, вели Битиќи, проекциите за 3,7% или дури 4% што ги слушаме од одредени владини претставници, се повеќе личат на претпоставки, отколку на факти произлезени од економска анализа.
„Најдобра потврда за тоа се тековните макроекономски индикатори. Индустриското производство, како чувствителен барометар на реалната економија, покажува длабоко нестабилна слика. Од септември до декември 2024 година бележеше континуиран пад, со минимален позитивен раст во јануари од 1,4%, за потоа повторно да се врати во негативна зона од -0,8% во февруари. Овие флуктуации упатуваат на отсутност на предвидливост и стимулативна економска политика“, рече Битиќи.
Истовремено, додаде тој, имаме нарушувања во ликвидноста кај компаниите – поради доцнење на повратот на ДДВ и на исплатата на договорните обврски од страна на државата – што дополнително ја згаснуваат економската активност.
Што се однесува до средства од унгарскиот кредит – 250 милиони евра за приватниот сектор и 250 милиони за општините, според Битиќи, сè уште не се рефлектираат во агрегатните податоци.
„Доколку тие беа ефективно инкорпорирани во економијата, се очекуваше барем иницијален сигнал за инвестициска активност. Но, таков сигнал не постои“, тврди Битиќи.
Дополнително, додаде тој, реализацијата на капиталните расходи на централно ниво изнесува само 13,55% до крајот на април, а кај општините просекот е околу 3%, со екстремни случаи и под 1%. Според него, под вакви услови, очекувањата за раст од над 3% на БДП се економски неосновани. Ниту една економија не може да генерира раст без продуктивни инвестиции – било да се јавни или приватни.
„Затоа, не станува збор за тоа дали бројките на Светската банка се точни. Станува збор за тоа дали сме подготвени да се соочиме со фактите. А фактите велат: тековната економска политика на Владата не создава простор за здрав и одржлив раст на БДП над 3%. А од друга страна имаме владин модел во кој очекувањата се повисоки од капацитетите“, рече Битиќи.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во март таа изнесува 2,18%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,35 п.п. и изнесува 5,15%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска