Економија
Подзапреа деловните активности во еврозоната во мај

Растот на активностите во производниот и услужниот сектор на еврозоната во мај подзабави, иако компаниите продолжија да ги намалуваат цените, покажа во средата најновиот извештај на лондонската компанија Markit.
Збирниот индекс на менаџери на набавка (PMI), кој ги мери активностите во секторот на производството и услугите, во мај е намален на 53,5 поени, наспроти конечните 54 во април. Исто така е нешто понзок од прелиминарните 53,9 поено, но и натаму е цврсто над 50 поени, кое го означува подрачјето на раст.Додека деловната активност во поширокиот регион остана солидна, повторно со поддршка на Германија, укажувајќи на раст на бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната во распон од 0,4 до 0,5 отсто во ова тромесечје, активностите во Франција, втората по големина економија на еврозоната, повторно се најдоа во негативно подрачје.Забрзаниот раст во секторот услуги анулиран е со успорениот раст на активностите во локалните фабрики. Индексот PMI за секторот услуги зголемен е на 53,2 поени, близу највисоките нивоа за три години, од 53,1 поени во април, со оглед дека индексот на нови работи забележа најбрз раст од средината на 2011 година, со раст на соодветниот подиндекс на 52,8 поени, од 52,3 поени.„Иако еврозоната бележи најдобри резултати во последните три години, станува збор за невоедначено, колебливо и кревко закрепнување“, рече Крис Вилијамсон, главен економист во Markit.Растот на деловните активности забави и покрај тоа што компаниите повторно ги намалија цените, за што сведочи соодветниот индекс кој се држи под 50 поени, граница помеѓу растот и падот. Индексот на цените благо е подобрен, на 48,8 поени, од 48,7 поени во претходниот месец.„Вкупното темпо на раст не е доволно силно за да на компаниите и им се овозможило зголемување на цените. Тоа веројатно претставува завршен удар на надежите за силно закрепнување без поттикнувачки мерки“, рече Вилијамсон. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.