Економија
ECB ги снижи каматите, воведе негативна камата на депозити на банките

Европската централна банка (ECB) дополнително ја снижи клучната каматна стапка во еврозоната за да поттикне раст на економијата и да ја отстрани опасноста од дефлација.
За прв пат воведе и негативна каматна стапка на депозити на банките со цел да поттикне кредитирање на реалната економија.ECB ја снижи клучната каматна стапка на 0,15 отсто, од досегашните 0,25 отсто. Каматите на депозити на банките се снижени од нула на минус 0,1 отсто, што значи дека комерцијалните банки во иднина ќе мор ад аплаќаат за да централната банка им ги чува парите.Централната монетарна институција на еврозоната прва се одлучи на таков чекор во групата четири водечки централни банки на светот, во кои уште се и американската централна банка Fed BOJ Bank of England (BoE).Иако опасноста од дефлација во еврозоната е ограничена, ECB ја загрижува многу слабиот раст на економијата и слабото кредитирање, што би можело да го забави кревкото економско закрепнување. Растот на економијата на еврозоната во првиот квартал изнесуваше само 0,2 отсто, покажаа податоците од Eurostat. Личната потрошувачка, инвестициите и извозот редум бележат бавен раст во споредба со истиот период од минатата година.Инфлацијата во еврозоната во мај се спушти на 0,5 отсто, од 0,7 отсто, што е осетно под зацртаните „нешто под два отсто“.Британската централна банка BoE на денешниот редовен состанок очекувано ја задржа клучната камарна стапка на рекордно ниски 0,5 отсто. Задржана е и програмата за откуп на обврзници во вредност од 375 милијарди фунти. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.