Контакт

Економија

35 отсто поевтинува парното за училиштата и градинките

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука на цената на парното греење во Скопје за деловните корисници со која се намалува цената за 35 отсто.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека цената на топлинската енергија за потрошувачите во град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас.

„Ние ја следевме цената на берзите и имајќи предвид дека со прертходната одлука одевме со повисоки цени бидејќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март ни даде основа да ја донесеме одлуката, со цел на сите овие потрошувачи, како што се училиштата, градинките и малите дуќани, кои немаа никаква субвенција, да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници“, рече Бислимоски.

Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена 35 отсто.

Најново

Свет6 минути

(Видео) Приведени 121 демонстрант на протестите низ Франција, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција привела 121 лице за време на денешните протести во повеќе градови низ земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Свет21 минута

Птичјиот грип повторно ја погоди Холандија: За една недела ќе бидат усмртени 184.000 животни

Птичји грип по третпат оваа недела е потврден на фарма во холандското село Хирден, во покраината Гелдерланд, поради што ќе...

Свет42 минути

Зеленски: Путин сака преку „хуманитарна мисија“ да ја преземе контролата врз Костјантинивка и да напредува кон Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека предлогот за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка, на...

Црна хроника59 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет1 час

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет1 час

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија2 часа

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија2 часа

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника2 часа

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...