Економија
40 години „Пекабеско“ – Децениската успешна македонска приказна продолжува да се шири низ целиот свет
Малата барака со десетина вработени во која на 25 септември во далечната 1979 година се смести новоформираното самостојно правно лице ПКБ Скопје, денес го носи името „Пекабеско“ и прерасна во лидер во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност. Резултатите на „Пекабеско“ во изминатите 40 години се импресивни и ја прават компанијата вистинска успешна македонска бизнис-приказна која незапирливо инвестира, воведува нови стандарди, го зголемува портфолиото на задоволни потрошувачи и брендови од Македонија и регионот и постојано ја зајакнува својата општествено-одговорна компонента.
Од мала фирма дистрибутер на само еден бренд пред точно 4 децении, денес „Пекабеско“ прерасна во компанија која има сопствени 2 производни капацитети и логистичко-дистрибутивен центар, а брои повеќе од 480 вработени. Во јубилејната 40. година од своето постоење компанијата влезе со реализирани рекордни приходи во висина од 78 милиони евра, како и рекорден профит од приближно 2 милиони евра.
Пекабеско во својата децениска традиција перманентно инвестира и гради стратегија на постојан раст и развој. Во 1998 година го гради првиот мал погон за производство на сувомесни производи под брендот на „Пекабеско“, а веќе 5 години подоцна се соочува со потреба од проширување на производствените капацитети. За таа цел, во 2003 година компанијата гради нова, поголема фабрика за производство на сувомесни производи во Шуто Оризари која има производствен капацитет од 260 тони месечно.
Како резултат на успехот на својот бренд, кој за кратко време достигна одлични резултати и препознатливост на пазарот, во 2012 година „Пекабеско“ инвестира 13 милиони евра и го отвора својот досега најголем производствено-логистички центар во Кадино, Илинден со површина од 19.700 м2 и капацитет на производство од 1.050 тони месечно. Вклучувајќи ја оваа инвестиција, „Пекабеско“ само во изминатите 7 години има вложено околу 20 милиони евра.
Низ годините постојано се зголемува и бројот на сертификати и стандарди со кои се одликува „Пекабеско“. Тие претставуваат дополнително признание за успешната работа на компанијата и почитувањето на врвните стандарди во производството и дистрибуцијата. Така, во 2008 година „Пекабеско“ целосно го имплементираше HACCP стандардот, а веќе следната година се вброи во македонските компании кои го имаат добиено признанието SUPERBRANDS. Исто така, Пекабеско денес е една од неколкуте компании од Македонија сертифицирани според меѓународниот стандард ISO 22000: 2005. Сертификацијата беше направена од страна на меѓународната престижна сертификациска куќа TÜV NORD CERT.
Производите под брендот „Пекабеско“, покрај во Македонија, можат да се најдат и на пазарите во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Годинава „Пекабеско“ доби и европски извозен број и посветено работи на проширување на дистрибутивната мрежа на пазарите во земјите членки на ЕУ и освојување на нови задоволни потрошувачи ширум целиот свет.
„Пекабеско“ доби и Халал сертификат врз основа на одлуката на Ријасетот на Исламската верска заедница на Република Македонија, со што во 2018 година го реактивираше производствениот капацитет во општина Шуто Оризари. За оваа намена беше направена инвестиција во висина од 200 илјади евра со цел репарација на стариот производствен објект во општината. Исто така, компанијата вложи и дополнителни 400 илјади евра во опрема и машини од познати германски брендови. Производите веќе се пласираат во нашата земја, како и на дел од пазарите во регионот под брендот на „Пекабеско“, Тимко.
За да пристапи кон финализација на процесот на производство од набавка на суровина до финален производ под еден кров, истата 2018 година „Пекабеско“ ја основа лабораторијата за техничко испитување и анализа „ТИМКО ЛАБ“.
Компанијата изминативе години инвестира со серија еколошки и проекти од доменот на јавното-приватно партнерство. Преку вложување на 300 илјади евра за изградба и опремување на прочистителна станица, „Пекабеско“ од 2017 година врши прочистување на отпадните води кои се испуштаат во текот на производствениот процес до ниво на води од втора категорија, односно вода погодна за растителниот и животинскиот свет.
„Пекабеско“ инвестира и сопствени средства во износ од над 350 илјади евра, пуштајќи во функција фотоволтаична централа од 512 kWh. Со изградбата на прочистителната станица и фотоволтаичната централа, компанијата целосно го заокружува и процесот на производство од набавка на суровина со финален производ под еден кров.
Оваа година, во општина Шуто Оризари компанијата издвои сопствени средства во висина над 125 илјади евра за изградба на надворешна атмосферска канализација во должина од околу 250 метри, атмосферска канализација во кругот на фабриката од 120 метри, како и асфалтирање на надворешна улица со должина од речиси 250 метри.
Во делот на инвестициите за заштита на животната средина, компанијата постојано вложува и во менување на возниот парк со посовремени и поеколошки возила.
„Пекабеско“ во изминатите 40 години незапирливо инвестира и во градењето доверба и меѓусебна лојалност со потрошувачите. Покрај зајакнувањето на производствените и дистрибутивните стандарди, проширувањето на палетата производи според барањата на потрошувачите, компанијата постојано вложува во заедницата и со тоа ја зајакнува својата општествено одговорна улога во општеството.
Компанијата постојано поддржува голем број меѓународни младински конференции, културни настани и институции, спортски кампови за деца и слично. Со ваквиот пристап, покрај поддршката, Пекабеско има за цел и мотивација на останатите компании во своите приоритети да ја стават хуманата димензија и грижата за заедницата.
Започнувајќи од 2015 година, во соработка со интернет-заедницата и Црвениот крст, „Пекабеско“ спроведува акција за доделување пакети со храна за социјално загрозени семејства. Соработката со Црвениот крст годинава беше дополнително зајакната преку поддршка на пунктот за бездомни лица во Скопје со донирање производи од страна на компанијата на годишно ниво.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Просечната стапка на инфлација за 2025 година изнесува 4,1%
Денеска се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4%. Воедно, на аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 11 февруари, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.
„Задржувањето на внимателниот пристап при водењето на монетарната политика произлегува од потребата за стабилизирање на инфлацијата близу до долгорочниот просек, од динамичната кредитна активност, домашните политики коишто влијаат врз побарувачката, како и од присутните надворешни ризици поврзани со тековната неизвесност во светските трговски политики и геополитички тензии. Се очекува дека досегашните измени кај задолжителната резерва, кај макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка, како и одлуките поврзани со управувањето со системските ризици ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Комбинираното дејство на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици“, соопштија од Народната банка.
Просечната стапка на инфлација за целата 2025 година изнесува 4,1%, под влијание на промените на цените кај базичната и кај прехранбената компонента.
Од Народната банка соопштија дека остварувањата кај инфлацијата се близу до октомвриската проекција, но таа и понатаму е над историскиот просек, поради што нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму е во фокусот на монетарната политика.
„Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во нагорна насока. Ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани со променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка“, се наведува во соопштението.
На крајот на јануари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.600,5 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар во јануари упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто засега се малку пониски од очекувањата за првиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена во четвртиот квартал од 2025 година упатуваат на трговски дефицит којшто е малку повисок од очекувањата според октомвриската проекција.
Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП забрза и изнесува 3,8% на годишна основа, што е малку над оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2025 година засега упатуваат на понатамошен раст на економската активност, којшто благо би забрзал според последните проекции. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти се едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.
Во однос на движењата во монетарниот сектор, првичните податоци за депозитите и кредитите на банките за јануари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките, но и на динамична кредитна активност, чиишто годишни стапки на раст засега се над очекувањата за првиот квартал од годината.
Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, којшто е усогласен со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка е подготвена да ги користи сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

