Економија
Годинава, 43 отсто повеќе туристи патувале во светот за разлика од лани

Во светот од почетокот на годината до крајот на јули патувале 700 милиони туристи или 43 отсто повеќе од истиот период во 2022 година, тоа е 85 отсто од туристите од 2019 година, а до крајот на 2023 година тој број може да се зголеми на речиси 95 отсто, се новите податоци и прогноза на Светската туристичка организација.
Пренесувајќи ги податоците од новото издание на својот светски барометар, Светската туристичка организација истакнува дека помеѓу јануари и јули 2023 година, Блискиот Исток, Африка и Европа се најблиску до 2019 година во однос на бројот на меѓународни пристигнувања на туристи.
Во исто време тие сметаат дека е важно побарувачката за туризам да не се намалува, туку да се зголемува и, според Светската туристичка организација, да покаже одржливо закрепнување.
За јули, Светската туристичка организација нагласува дека од крајот на пандемијата тој е најпрометниот туристички месец во светот со 145 милиони меѓународни патници, што покажува дека туризмот силно закрепнува во сите делови на светот, но и се приспособува на новите околности и побарувачката.
Новото издание на светскиот барометар на Светската туристичка организација открива дека единствениот регион во светот што го надминал резултатот од 2019 година во седумте месеци од 2023 година бил Блискиот Исток, со 20 отсто повеќе меѓународни туристички пристигнувања, а потоа следуваат Африка и Европа со 92 и 91 процент, соодветно.
За седум месеци од 2023 година, Северна и Јужна Америка достигнаа 87 отсто од туристичките пристигнувања од 2019 година, а за Азија и Пацификот, Светската туристичка организација вели дека, според достапните податоци, закрепнувањето на туризмот исто така се забрза на речиси 60 отсто од нивото на пристигнувањето на странски туристи пред пандемијата.
Врз основа на податоците и информациите на пазарот, Светската туристичка организација предвидува дека до крајот на 2023 година меѓународниот туризам би можел да достигне 95 отсто од нивото на меѓународни туристички пристигнувања пред пандемијата.
„Изгледите за последниот квартал од оваа година укажуваат на продолжување на закрепнувањето, но со поумерено темпо по шпицот на летната сезона. Повторното отворање на Кина и другите азиски пазари и дестинации се очекува да продолжи да го поттикнува патувањето“, велат од Светската туристичка организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.