Економија
7 НЕБО – нов награден квиз на „Државна лотарија“
„Државна лотарија“ го најавува новиот награден квиз – 7 НЕБО, кој ќе трае од 8 септември до 22 декември 2024 година. Квизот ќе се одржува секоја недела во рамките на популарната емисија „Седмо небо“, на ТВ „Канал 5“. Сите учесници добиваат награди, а во четирите финални емисии се доделува ексклузивно патување за двајца!
Сите заинтересирани ќе имаат можност да се пријават за учество преку посета на интернет-страницата www.7nebo-loto.mk, каде што ќе треба да одговорат точно на зададеното прашање и да остават свои лични податоци за учество во извлекувањето на учесниците. Пријавувањето трае до 20 август.
Во секоја емисија ќе учествуваат по тројца натпреварувачи. Секој месец, четвртата емисија ќе биде особено возбудлива, каде што победниците од претходните три емисии ќе се натпреваруваат за главната награда. Вкупно четири емисии ќе вклучуваат главни награди, а сите учесници од секоја емисија ќе добијат различни награди.
Процесот на одбирање на учесниците и нивното обучување ќе се врши преку специјално дефинирана комисија. Натпреварувачите треба да дадат кратки и брзи одговори, во рок од 7 секунди. Прашањата се поврзани со историјата, игрите и понудата на „Државна лотарија“.
За повеќе информации и за регистрација за учество, посетете го веб-сајтот www.7nebo-loto.mk.
Останете во тек со сите новости и изненадувања од „Државна лотарија“!
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Со најавените една милијарда денари субвенции опфатени се сите категории на земјоделци
Денеска во општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од медиумите беше запрашан за најавените 1 милијарда денари субвенции на што точно ќе се однесуваат.
„Тие средства кои што ги обезбедивме со ребалансот ќе бидат наменети за сите категории на земјоделски производители кои што се со соодветни апликации во Министерството. Тука се опфатени сите сточари, овоштари, лозаропроизводители и градинари“, истакна Трипуновски.
Нагласи дека на страната на земјоделците секогаш ќе биде министерството и владата кои ќе работат во решавање на нивните проблеми и маки.
„Опфатени се сите оние кои што во минатото требало, но не ги имаат земено субвенциите. Со ова сакаме да покажеме дека премиерот пред се, Владата сме цврсто решени навистина земјоделците да почувствуваат дека имаат вистински партнер од другата страна кој што ќе ги слушне и нивните маки, но и ќе работи и на решавање на нивните проблеми. И исто така ќе се гради еден добар однос кој што ќе значи Македонија да биде повторно земјоделска држава“, заклучи Трипуновски.
Економија
Тони Петрушевски нов директор на РЕК Битола
Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именуваше нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата.
За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот
сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола. АД ЕСМ се заблагодарува за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период.
За директор на РЕК „Осломеј“, е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во
комбинатот. На директорска позиција во Осломеј е именуван и Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.
За в.д. Директор на подружницата ТЕЦ Неготино, е назначен Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.
Бобан Максимовски, со завршени академски студии од областа на менаџмент ќе биде управител на друштвото за производство на топлинска енергија ЕСМ производство на топлинa, инфомираат од компанијата.
Економија
„Алкалоид“ чекор понапред кон целосна дигитализација
Компанијата „Алкалоид“ започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување.
„Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките на сегментот ПЦ Фармација, преку имплементирање на современата софтверска платформа AlkaLIMS (Laboratory Information Management System). Спроведувањето на овој нов проект значи интегрирање на сите лабораториски процеси, вклучувајќи ја секоја процесна фаза – од земање примерок до издавање сертификат за анализа на производ во рамките на една дигитална платформа.
AlkaLIMS како софтверско решение се имплементира со цел значително унапредување на повеќе аспекти од лабораториското работење во рамките на Контрола на квалитет, Истражување и развој и Технички опeрации за произвoдство, меѓу кои: зголемување на ефикасноста и на продуктивноста; унапредување на регулаторната усогласеност, на можностите за обезбедување интегритет и следливост на податоците и на процесите поврзани со контрола на производите; централизирано управување со податоци; интеграција на севкупната аналитичка опрема во една платформа; намалување на оперативните трошоци и стимулација на процесите за континуирано подобрување.
Како напредно и отворено софтверско решение, AlkaLIMS нуди можност за тековно надградување со нови модули, во согласност со потребите на компанијата. Партнерска компанија на „Алкалоид“ во овој проект е светски реномираната корпорација LabWare од Соединетите Американски Држави.
AlkaLIMS е од стратешко значење во Профитниот центар Фармација, но и значајна референција во амбициозната агенда на „Алкалоид“ за целосна дигитална трансформација. Kако глобална и иновативна компанија, „Алкалоид“ континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија, а приспособливоста и искористувањето на иновативните технологии се важен императив во насока на унапредување и на усовршување на сите аспекти во работењето.
(ПР)