Економија
90 илјади членови на клубот „Спорт лајф“ – Провери каде твојот тикет вреди повеќe
„Спорт лајф“ е вистинско место за оние кои уживаат во спортот и кои добро го познаваат, било да е фудбал или кошарка, тенис или хокеј, ракомет или одбојка… Изборот e голем, за секого има по нешто, а има и зошто – дури 90 000 обложувачи се лојални членови на клубот „Спорт лајф“ . Секако тука е добрата заработка, но тоа не е сè. „Спорт лајф“ е единствената обложувалница што ја наградува лојалноста на своите играчи.
Новите и разновидни игри, бонуси и дополнителни привилегии за верните играчи, е сè она поради што тие повторно доаѓаат во „Спорт лајф“. Доколку навистина ги цените своите играчи, знаете и како да им возвратите за нивната верност и да ги наградите. „Спорт лајф“ тоа добро го знае, и затоа со години ги наградува своите играчи преку клубот „Спорт лајф“ и Типстер купот.

Една од привилегиите кои ги имаат членовите на SL-клубот е SL-маркетот. Најдобар начин да освоиш вредни подароци, покрај добивките, е да се зачлениш во SL-клубот и да собираш поени од секој тикет коишто понатаму можеш да ги замениш за некој производ од SL-маркетот, како на пример: некој спортски реквизит, велосипед или можеби рачен часовник. Меѓу повредните подароци се и најнови мобилни телефони, таблети, како и вредносни ваучери кои можат да се потрошат во „Спорт лајф“ и нивните партнери.
Секој месец, околу 7 000 производи се порачуваат и испраќаат до нивните добитници. Oд „спалдинг“ топка до пинг-понг маси и слично, a голем дел од играчите ги користат поените и за „Спорт лајф“ ваучерите со кои повторно можат да се обложуваат.
Поените се пресметуваат врз основа на бројот на натпревари на тикетот и висината на уплатата, како и стекнатиот ранг – бронзен, сребрен, златен или платинест, кој зависи од збирната уплата во минатиот месец. За сето ова може да се информирате подетално на страницата на SportLife.com.mk
Затоа не заборавајте, ако сакате вашиот тикет да вреди повеќе, секогаш приложувајте ја вашата Спорт лајф клуб-картичка и играјте за вашиот омилен производ од SL-маркетот на „Спорт лајф“. На тој начин и кога не погодувате, добивате поени и подароци.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

