Економија
ММФ ја скенира македонската економија
Делегација на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од денеска престојува во неколкудневна посета на Македонија
Делегација на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од денеска престојува во неколкудневна посета на Македонија, со цел да се запознае со актуелните трендови во македонската економија.Шефот на мисијата на ММФ Весли Мекгру денеска оствари средба со министерот за финансии Зоран Ставревски, но се воздржа од изјави за медиумите, нагласувајќи дека на крајот на посетата ќе одржи пресконференција.Мекгру информираше дека станува збор за редовна годишна средба со земја членка на ММФ, на која ќе бидат проанализирани политиките за 2009 година, а ќе се направи и осврт за економските очекувања во 2010 година.Предвидено е делегацијата на ММФ да оствари средби со повеќе државни претставници, да ја посети Централната банка и да има средби со претставници на приватниот сектор.Министерот Ставрески информираше дека на денешната средба со Мекгру му било укажано дека ММФ наскоро на позитивно ќе ја корегира прогнозата за падот на македонскиот БДП во 2009 година, додека за 2010 година идентично како и македонската влада очекува раст од два отсто.Ставрески нагласи дека Македонија до крајот на годината сигурно нема да склучи аранжман со ММФ, но за во иднина таа опција не е исклучена.Македонија ќе успее сама да го исфинансира дефицитот и во трговската и во буџетската сметка, порача Ставрески, додавајќи дека владата е подготвена да се прилагоди, доколу има потфрлања во приходната страна на буџетот.„Се разбира дека доколку нема доволно средства приватниот сектор ќе се прилагоди на тоа, но наша проценка е дека ќе се намали дефицитот и дека ќе има доволно средства“, рече Ставрески.Тој најави дека престојот на делегацијата на ММФ ќе биде искористен да се разговара за фискалната политика, монетарната политика, трговскиот дефицит, тековната сметка на платниот биланс и сите оние прашање кои се релевантни за да се даде оценка дали во Македонија се водат квалитетни економски политики. /кра/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

