Економија
Македонската берза се разбуди
Македонската берза за хартии од вредност на тргувањето во четврток конечно се разбуди. Аналитичарите сметаат дека како резултат на позитивните политички исчекувања во врска со спорот за името, трендот го смени правецот и сите три индекси остварија пораст
Македонската берза за хартии од вредност на тргувањето во четврток конечно се разбуди.
Аналитичарите сметаат дека како резултат на позитивните политички исчекувања во врска со спорот за името, трендот го смени правецот и сите три индекси остварија пораст.
МБИ10 запре со опаѓачката низа и оствари зголемување од 0,80% при вредност од 2.959,30 индексни поени. МБИД порасна за 0,31%, а ОМБ оствари голем пораст од 2,16% и постигна ниво од 109,44 индексни поени што претставува историски максимум.
Прометот исто така го надмина бледото издание од последните неколку денови. Тој изнесуваше 51.502.717,69 денари при вкупно остварени 257 трансакции.
Особено активно беше тргувањето со државните обврзници при остварен промет од 27.118.626,69 денари што претставува 52,7% од вкупниот промет. Најликвидна хартија од вредност на целиот пазар беше државната обврзница од осмата емисија чиј промет изнесуваше 37,3% од вкупниот обем на тргување. Просечната цена изнесуваше 84,78% од номиналната вредност што резултираше со скок од 4,03%.
Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 4.208.836,00 денари. Просечната цена од 3.083,40 денари значеше пораст од 3,49%. Распонот на цените се движеше од 2.950,00 денари до 3.130,00 денари. Истргувани беа 1.365 акции кои се реализираа преку 22 трансакции.
Алкалоид Скопје се издвои помеѓу најтргуваните од официјалниот пазар со промет од 2.379.928,00 денари. Остварена беше просечна цена од 5.010,37 денари при дневен пад од 1,84%. Максималната цена која се постигна изнесуваше 5.150,00 денари, а минималната 4.900,00 денари.
Од редовниот пазар најтргувана беше Раде Кончар со промет од 5.820.000,00 денари. Просечната цена од 1.200,00 денари беше без промена, а беа истргувани 4.850 акции преку 3 трансакции.
Втора од редовниот Пазар според ликвидност беше Прилепска Пиварница Прилеп со промет од 495.000,00 денари. Просечната цена од 11.000,00 денари значеше намалување од 2,02%. Истргувани беа вкупно 45 акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Раде Кончар Скопје3. Комерцијална Банка Скопје4. Алкалоид Скопје5. Топлификација Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. РЖ Интер – Трансшпед Скопје 9,59% 2. Бетон Скопје 7,94%3. Макпетрол Скопје 5,80%4. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 5,30%5. Р.Македонија – Денационализација 4,03% Хартии од вредност со најголем пад1. ИЦН Фарм Скопје 6,25%2. ЗК Пелагонија Битола 4,94%3. УНИ Банка Скопје 4,90%4. Скопски Пазар Скопје 4,17%5. ОКТА Скопје 3,01%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

