Економија
Продолжува надолниот тренд на берзата
Опаѓачкиот тренд на македонската берза за хартии од вредност продолжи и во четвртокот, втор ден последователно. Сите три индекси беа во црвената зона, а прометот стагнираше на ниско ниво.
Опаѓачкиот тренд на македонската берза за хартии од вредност продолжи и во четвртокот, втор ден последователно. Сите три индекси беа во црвената зона, а прометот стагнираше на ниско ниво.
Од вкупниот промет кој изнесуваше 10.022.339,94, на официјалниот пазар се остварија 5.723.824,94 денари кои се реализираа преку 70 трансакции.
На редовниот пазар прометот изнесуваше 4.298.515,00 денари. МБИ10 се намали за 1,18%, симнувајќи се на ниво од 2.841,99 индексни поени, МБИД загуби 0,60% од својата вредност која на крајот од трговскиот ден изнесуваше 3.050,80 индексни поени, ОМБ се намали за 0,04% позиционирајќи се на ниво од 109,83 индексни поени.Најликвидна од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 1.430.776,00 денари што претставуваше 14,3% од целиот пазар и 25% од прометот на официјалниот пазар. Просечната цена од 4.899,92 денари резултираше со негативна промена од 0,75%. Истргувани беа 292 акции кои се реализираа преку 12 трансакции. На второ и трето место според ликвидност од официјалниот пазар се пласираа државните обврзници за денационализација од седмата и осмата емисија. Државната обврзница за денационализација од седмата емисија оствари промет од 1.082.092,46 денари. Просечната цена од 84,50% значеше намалување од 0,47%. Истргувани беа 20.925 обврзници, кои се реализираа преку 5 трансакции.Со државните обврзници за денационализација од осмата емисија се оствари промет од 870.491,47 денари. Просечната цена изнесуваше 84,99% од номиналната што предизвика раст од 0,17%. Истргувани беа 16.736 обврзници кои се реализираа преку 6 трансакции.Најтргувана на целиот пазар, а воедно и на редовниот пазар беше Македонски Телеком Скопје со промет од 2.381.195,00 денари. Овој промет претставуваше 23,8% од вкупниот и 55,4% од прометот на редовниот пазар. Просечната цена изнесуваше 424,46 денари, што значеше намалување од 1,25% кое конечно го изрази трендот на целиот пазар. Распонот на цените се движеше од 420,00 денари до 425,00 денари. Истргувани беа 5.610 акции кои се реализираа преку 7 трансакции.На втора позиција со значително помал промет кој изнесуваше 715.920,00 денари се пласираше Макпромет Штип. Просечната цена од 570,00 денари беше без промена, а истргувани беа вкупно 1.256 акции преку една трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Македонски Телеком Скопје2. Алкалоид Скопје 3. Р.Македонија – Денационализација 074. Р.Македонија – Денационализација 085. Топлификација Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Топлификација Скопје 0,68%2. Р.Македонија – Денационализација 08 0,17% Хартии од вредност со најголем пад1. Макошпед Скопје 11,11%2. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 4,27%3. Гранит Скопје 3,29%4. Макстил Скопје 2,64%5. Охридска Банка Охрид 2,04%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

