Економија
Берзата со промет од 37 милиони денари
Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот оствари вкупен промет од 36.929.452,51 денари, од кој повеќе од половината се за акциите и уделите во државна сопственост
Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот оствари вкупен промет од 36.929.452,51 денари, од кој повеќе од половината се за акциите и уделите во државна сопственост.
МБИ10 го продолжи опаѓачкиот тренд од претходната недела, така што загуби 1,67% од својата вредност која на крајот од тргувањето изнесуваше 2.757,59 индексни поени. Ова претставува опаѓачка низа од четири денови по ред. Од почетокот на опаѓачкиот тренд МБИ10 се намали за околу 4,1%.
МБИД по негативниот тренд кој траеше три денови, денеска забележа благ пораст од 0,32% при вредност од 3.019,90 индексни поени. Најмногу влијание врз порастот на овој индекс имаше тргувањето со акциите на Раде Кончар Скопје. ОМБ со незначителен пад од 0,07% оствари вредност од 109,85 индексни поени.
Од официјалниот пазар најтргувана беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.325.711,00 денари. Просечната цена изнесуваше 2.744,74 денари, а беше проследена со намалување кое изнесуваше 1,97% и кое претставува четврто непрекинато опаѓање. Истргувани беа 483 акции кои се реализираа преку 18 трансакции.
Гранит Скопје со промет од 788.700,00 денари го зафати второто место на официјалниот пазар според ликвидност. Трендот го смени правецот при просечна цена од 733,67 денари, а намалувањето на дневно ниво изнесуваше 0,87%. Истргувани беа 1.075 акции кои се истргува преку 11 трансакции.
Топлификација Скопје оствари промет од 604.955,00 денари кој беше доволен за пласирање на третото место според ликвидност од официјалниот пазар. При просечна цена од 4.839,64 денари, остварен беше остар пад од 3,21%, што значеше продолжување на падот од претходниот трговски ден. Истргувани беа 125 акции кои се реализираа преку 6 трансакции.
Убедливо најтргувана на редовниот, а воедно и на целиот пазар беше акцијата на Раде Кончар Скопје со промет од 6.822.600,00 денари. При просечна цена од 1.387,84 денари забележан беше раст од 10,06%. Истргувани беа 4.916 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.
Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Арцелормиттал (ХРМ) Скопје со промет од 960.681,00 денари. Просечната цена изнесуваше 161,00 денари , што значеше намалување од 0,62%. Истргувани беа вкупно 5.967 акции кои се реализираа преку 2 трансакции.
Согласно поднесено барање од членка на Македонската берза, а по проверката со Централниот Депозитар за хартии од вредност од 21.12.2009 година на редовниот пазар на Македонската берза АД Скопје ќе може да се тргува со акциите на Мој Фонд АД Скопје Пет најтргувани хартии од вредност1. Раде Кончар Скопје2. Комерцијална Банка Скопје3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 4. Гранит Скопје5. Топлификација СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. ТК Боро П.-Папучар Куманово 25,78%2. Раде Кончар Скопје 10,06%3. Реплек Скопје 1,14%4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 0,62%5. РЖ Услуги Скопје 0,22%Хартии од вредност со најголем пад1. Комуна Скопје 30,14%2. ИДЕВЕЛОП Скопје 20,37%3. ТТК Банка Скопје 9,88%4. РЖ Техничка контрола Скопје 6,55%5. Фершпед Скопје 4,50%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

