Економија
Државните обврзници најтргувани во петокот
Вкупен промет од 12.347.372,60 денари остварен е во петокот на Македонска берза, од кои 2.114.315,00 денари беа остварени преку државните аукции.
Вкупен промет од 12.347.372,60 денари остварен е во петокот на Македонска берза, од кои 2.114.315,00 денари беа остварени преку државните аукции.
Тргувањето со државните обврзници изнесуваше 4.057.260,50 денари што претставува околу 33% од вкупниот промет.
Најмногу се тргуваше со државните обврзници за денационализација од осмата и петтата емисија, а прометот кој се оствари со овие две обврзници претставуваше 98,5% од прометот остварен со сите државни обврзници и 44,5% од прометот на официјалниот пазар. На официјалниот пазар при 80 трансакции се оствари промет од 8.977.224,60 денари. Редовниот пазар оствари промет од 1.255.833,00 денари при реализирани 28 трансакции. Акциските индекси беа во благ пад. МБИ10 загуби 0,24% од вредноста, прекинувајќи го дводневниот раст, а вредноста затвори на ниво од 2.764,36 индексни поени. МБИД оствари намалување од 0,14% при вредност од 3.005,83 индексни поени. Само ОМБ имаше слаб пораст од 0,12%, позиционирајќи се на ниво од 110,19 индексни поени.
Најтргувана хартија од вредност на официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 2.558.660,02 денари. Просечната цена изнесуваше 85,53% од номиналната вредност, што значеше зголемување од 0,63%. Истргувани беа 48.901 обврзници кои се реализираа преку 16 трансакции. Како втора најтргувана од официјалниот пазар се пласираше државната обврзница за денационализација од петтата емисија со промет од 1.435.937,51 денари. Просечната цена изнесуваше 85,59%, што резултираше со негативна промена од 0,48%. Истргувани беа 27.425 обврзници кои се реализираа преку 3 трансакции. Од акциите кои котираат на официјалниот пазар најликвидна беше Алкалоид Скопје со промет од 1.205.840,00 денари. При просечна цена од 4.804,14 денари остварено беше незначително намалување од 0,08%, кое го прекина дводневниот позитивен тренд. Истргувани беа вкупно 251 акции, а беа реализирани преку 11 трансакции. Од редовниот пазар најликвидна беше ФЗЦ 11 Октомври Куманово со промет од 523.200,00 денари. Просечната цена од 1.200,00 денари беше без промена во однос на претходното тргување. Истргувани беа вкупно 436 акции кои се реализираа преку 10 трансакции. УНИ Банка беше втора според ликвидност од редовниот пазар со промет од 290.224,00 денари. Просечната цена од 776,00 денари значеше намалување од 3,00%. Истргувани беа 374 акции кои се реализираа преку 3 трансакции. ЕБОР ја зголемува достапноста за финансирање на реалниот сектор во Македонија со кредитна линија на Охридска Банка, Социете Генерале Груп во износ од 5 милиони евра, наменета за кредитирање на мали и средни претпријатија (МСП). Кредитната линија ќе се користи за финансирање на активностите на малите и средни бизниси со кредити во износ до 500.000 евра. Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.12.2009 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Алкалоид Скопје – 308 обични акции. Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 24.12.2009 година одлучи 31.12.2009 година (Четврток) да биде нетрговски ден, а воедно и ден на порамнување на сите трансакции кои ќе бидат склучени на 29 и 30.12.2009 година. Тоа значи дека склучените трансакции во овие два дена на тргување ќе ги имаат следните периоди на порамнување: Ден на тргување 29.12.2009 со период на порамнување Т+2 и ден на тргување 30.12.2009 со период на порамнување Т+1.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Р.Македонија – Денационализација 053. Алкалоид Скопје4. Комерцијална Банка Скопје5. Макпетрол Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. ТТК Банка Скопје 2,30% 2. РЖ Услуги Скопје 2,12%3. Топлификација Скопје 1,41%4. Тутунска Банка Скопје 0,73%5. Р.Македонија – Денационализација 0,63%Хартии од вредност со најголем пад1. Ветеринарно сточарски центар Куманово 4,35%2. УНИ Банка Скопје 3,00%3. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 1,79%4. Макстил Скопје 1,23%5. Комерцијална Банка Скопје 0,84%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.
Економија
(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места
Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за државна помош се околу 17 проекти, со вкупна вредност од над 650 милиони евра. Очекува дека овие проекти ќе обезбедат помеѓу 4.500 и 5.000 нови директни работни места, а најголемиот дел од нив годинава ќе започнат со производство, што ќе ја зголеми и вредноста на бруто-домашниот производ.
„Во овој момент работиме на овие 17 проекти само преку ТИРЗ, а има и проекти кои што ги работиме а кои што се надвор од ТИРЗ, како што е инвестицијата на Алказар во Источна Македонија, која што е во фаза на одобрение за градба. Очекувам некаде на пролет и на терен да започне реализирањето на оваа инвестиција, која што е во вредност од половина милијарда долари“, кажа Мицкоски.
Тој посочи дека земјоделството доживува позитивен пресврт и станува сериозен економски столб. Во четвртиот квартал од минатата година извозот на земјоделски производи бил повеќе од двојно поголем од увозот, со износ од околу 12,5 милијарди денари, додека за целата година извозот достигнал над 450 милиони евра, во споредба со околу 200 милиони увоз.
Премиерот истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува вистинските земјоделци и дека новата програма ќе ја насочи поддршката кон оние кои реално произведуваат и придонесуваат, додека ќе се спречи злоупотреба на субвенциите.

