Контакт

Економија

Цената на нафтата падна под 79 долари

Објавено пред

Цената на нафтата во вторникот на светските берзи се спушти под 79 долари за барел, откако вчера го достигна рекордното ниво во последните недели.

dobivaj vesti na viber

Цената на нафтата во вторникот на светските берзи се спушти под 79 долари за барел, откако вчера го достигна рекордното ниво во последните недели.

Цената на нафтата се намали по веста за јакнење на доларот, што влијаеше  да се неутрализираат влијанието на студеното време во САД и загриженоста околу политичката ситуација со Иран.

На пазарот во Лондон барелот  нафтата поскапе за 20 центи на 77,52 долари.

„И понатаму сме соочени со студено време во Северна Америка, геополитичка загриженост околу Иран, како и очекувањето на понатамошниот пад на залихите на сирова нафта. Очекуваме нешто поголема активност на пазарот бидејќи дел од инвеститорите се вратија по празниците, изјави Александра Когелинг од компанијата ЈБС Енерџи.

Доларот достигна највисоко ниво во однос на јенот во последните два месеци, по сигналите дека  американската економија добро закрепнува ./крaј/х/бк



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Николоски од Штип: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура

Објавено пред

Од

Силна подршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека покрај владината директна финансиска подршка за проекти, дополнително Министерството за транспорт инвестира во нови проекти за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните во општините.

„Ќе продолжиме со сериозна подршка на градоначалниците и општините, надвор од оваа регуларна подршка, која веќе станува регуларна секоја година од буџетот, веќе втора година. За општина Штип инвестираме дополнително некаде околу 70 милиони денари за водоводни и канализациони системи. Да најавам дека оваа година ќе имаме уште една таква активност, како дополнителна подршка. Тоа е едната работа што сакам да ја најавам. Втората работа е тоа што заедно со градоначалникот работиме и во финална фаза сме во изработка на ДУП за бањата Кежовица која треба да отвори многу перспективи за развој на туризмот пред се за банскиот туризам и исто така една убава викенд населба која што ќе значи план за целиот источен дел на државата“, рече Николоски.

Додаде дека се инвестира и во проектот браната на река Отиња, која треба да е нова туристичка атракција.

„Обезбедивме дополнителни 145 милиони денари, се реализира во моментов и очекувам во текот на следната година да заврши, да почне да се полни со вода и летото 2027 година да направиме сефте на езерото и во делот на трузмот и во делот на наводнувањето. Ќе продолжиме со подршката, Штип е еден од најголемите приортети, секако и другите општини, како и општина Крабинци која гравитира кон Штип, ќе продлжиме заедно со градоначалниците да работиме”, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите

Објавено пред

Од

Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека се обезбедени и околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион.

„Оризот стана стратешка култура и ќе биде дел од стоковите резерви. Така што тоа што ние го направивме за неколку месеци, тие седум години не ни помислија да го прават за земјоделците, а најмалку за оризопроизводителите. Се сеќавате на министерот за земјоделие, кога им ветуваше, посебно на оризопроизводителите, за жал не само што не го испорача, туку дополнително ги уништи“, одговори на новинарско прашање Мицкоски, за забелешките од СДСМ, дека не се помага на оризопроизводителите.

Премиерот рече дека Владата се бори за земјоделците и во таа насока ќе продолжи да работи.

„Денеска каде и да одите, дали во Тиквешијата, дали ќе одите во Пелагонија кај тутунарите, дали во струмичко кај раноградинарските производи и зелката, ќе видите дека имаме историски цени и историска наплата. Зошто? Затоа што оваа Влада се бори за земјоделците, а не е ортак со откупувачите. И така и ќе продолжиме“, објасни Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Поевтинуваат дизелот и бензините

Објавено пред

Од

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 денар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 ден/кг и сега ќе изнесува 36,042 ден/кг.

Од 06.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,042 (денари/килограм)

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање...

Македонија7 часа

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот...

Економија10 часа

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија10 часа

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ10 часа

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија12 часа

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија13 часа

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...

Македонија13 часа

„Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата“, велат од партијата Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата...

Европа14 часа

Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на...

Европа14 часа

(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Озгур Озел, кој ја...

Свет16 часа

Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на...

Регион16 часа

Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по...

Македонија16 часа

Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот...

Македонија1 ден

Хорор во Скопје, пред очите на 5-годишната ќерка ја усмртил мајката со убоди од нож по вратот и градите

Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата,...

Свет1 ден

Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако...

Македонија1 ден

Во чест на загинатите во Пулс во Кочани се возеа велосипеди

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот...

Регион1 ден

Тајната на Тито која никој никогаш не ја разјасни

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузот на...

Македонија1 ден

АХВ казни 14 месарници кои продавале небезбедно месо

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на...

Македонија2 дена

122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...