Економија
УЈП регистрира даночни приходи од милијарда евра
Приходи од 61.032.768.914 (милијарда евра) реализираше годинава Управата за јавни приходи(УЈП), што претставува ефект од 96 отсто од проекција на буџетот.
Приходи од 61.032.768.914 (милијарда евра) реализираше годинава Управата за јавни приходи(УЈП), што претставува ефект од 96 отсто од проекција на буџетот.
Со овие бројки во среда, на два дена пред крајот на годината, излезе првиот човек на УЈП, Горан Трајковски, најавувајќи дека процентот на реализација на наплатата се очекува да порасне во преостанатите два дена од годината.
„Веруваме дека овие два дена ќе излеземе со бројка од 98 отсто исполнети даночни приходи во текот на 2009. Факт е дека во ноември и декември има подобрување во исполнувањето на даночните обврски во однос на истиот период лани кога почна да се наговестува кризата“, рече Трајковски.
Ноември и декември даваат надеж дека работите во делот на наплата на даноци се подобруваат, што многумина го нарекоа фискално чудо.
Според УЈП, во декември биле наплатени oколу 5.365.823.000 денари што е речиси 40 отсто е подобра наплатата на ДДВ во однос на истиот период лани, а зголемување од 10 отсто бележи и наплатата на акцизата.
Во услови на намалено производство и 35 отсто пад во продажбата на автомобили, наплатата на акцизата е зголемена за три проценти.
Вкупно 13.633.000.000 денари оваа година биле наплатени од акцизи, која од 1 јануари ќе почне да ја наплаќа царинската управа.
Решението за самонаплата на акцизата преставува златно јајце кое ќе го предадеме на царинската управа-додаде Трајковски.
Во делот на бруто платата се соочивме со многу потешкотии и како нација покажавме незнаење. Од една страна бевме сведоци на подршката што ја дадоа работодавците, а од друга страна синдикатите кои требаше да ја имаат главната полза покажаа негодување кон овој концепт, рече Трајковски.
Од аспект на наплата на данок од плати имаме пет отсто поголема наплата во однос на 2008 година.
Што се однесува до повратот на ДДВ преку валута на доспевање вкупно на фирмите им бил вратен данок од близу 15 милиони денари.
Според УЈП најголеми потфрлања во наплатата на даноци се регистрирани кај данокот на добивка. Тоа го објаснуваат со фактот што доколку нема дивиденда нема база за оданочување и поради слабите финансиски резултати за минатата година.
Со оглед на економската криза, минатата година беше една од најнеизвесните, но сепак е регистриран најголем процент на доброволно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници, истакна Трајковски./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

