Контакт

Економија

Чартер летови Ријека-Скопје

Објавено пред

Нова авионска линија ќе ги приближи македонскиот главен град со северното хрватското приморје, а авионот боинг 737-300 со 148 седишта ќе лета два пати неделно во текот на целата година.

Нова авионска линија ќе ги приближи македонскиот главен град со северното хрватското приморје, а авионот боинг 737-300 со 148 седишта ќе лета два пати неделно во текот на целата година. Главниот македонски град со нова авионска линија се поврзува со северното хрватско приморје, односно со Ријека. Промотивниот лет е закажан за 25 јануари, а летовите се распоредени два пати неделно во текот на годината (понеделник и петок). Воспоставувањето на оваа линија, овде во Хрватска се оценува како прв чекор во проектот на регионалното поврзување. Како што потенцира и сопственичката на фирмата ГАТ Егзекјутив, Верица Смилевска, поврзувањето на Ријека со Скопје  започнува регионалното поврзување на земјите од блиското соседство, особено во летните месеци кога ќе бидат отворени и туристички линии со Ријека, што претставува огромен потенцијал во стопанска и туристичка смисла. Покрај Ријека, се планира и поврзување со Осијечкиот аеродром. Новата авионска линија Ријека-Скопје е уште еден чекор напред во соработката на Македонија и Ријека, која во последните години стана центар на македонската култура. Новата линија сигурно ќе придонесе за позначајно поврзување на Ријека и Приморско-горанската жупанија со Македонија, односно ќе се прошири исклучителната соработка што сега е воспоставена на културен и научен план и на значајна стопанска соработка , а ќе поттикне и поголем број туристички посети од двете страни, смета Данчо Марковски, македонскиот амбасадор во Хрватска.   Чартер летовите ги поттикнува ГАТ Егзекјутив, користејќи го македонскиот авио превозник АирЛифт Сервис сопственост на германскиот туроператор Скајвингс. На патниците ќе им биде на располагање Боинг 737-300 со капацитет од 148 места. Повратна карта со сите такси изнесува 170 евра. Според директорот на Аеродромот Ријека, Младен Пасарич, новата линија претставува вистински исчекор во соработката на двете пријателски држави, особено во зимските месеци во кои до сега не постоеле никакви воздушни врски. /крај/мг



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Објавено пред

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска поддршка, истакна пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

Предлог – законот се однесува на финансиска поддршка за работодавачите погодени од Кивид-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година.

„Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај оние компании со намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а како рефрентен период, во Законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар“. појасни Георгиевска.

Компаниите што аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Оние компании што користат финансиска поддршка, бројот на вработени нема да смеат да го намалуваат два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

За да се спречат какви било злоупотреби предвидени се и заштитни механизми, во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Прикажи повеќе...

Економија

„Рајанер“ и „Изиџет“ ќе им ги вратат парите на патниците за откажаните летови во Италија

Објавено пред

Италијанскиот регулатор за авиосообраќај соопшти дека успеал да убеди четири нискобуџетни авиокомпании, вклучувајќи ги и ирската „Рајанер“ и британскиот „Изиџет“, да им понудат на патниците за откажани летовите да им ги вратат парите наместо да им нудат ваучери.

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата AGCM објави дека ја прекинува истрагата против „Рајанер“, „Изиџет“, „Вуелинг“ и „Блу панорама“, бидејќи ги исполниле нејзините барања.

Покрај можноста за враќање на средствата, четирите авиокомпании ќе обезбедат бесплатен пристап до нивните кориснички услуги и ќе го зголемат бројот на работници во службите за корисници.

AGCM започна постапка против превозниците кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Економија

Фирмите погодени од кризата ќе добијат помош и за октомври, ноември и декември

Објавено пред

Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од КОВИД-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, предложен од Министерството за финансии, вчера беше усвоен од страна на Владата и истиот ќе биде доставен на усвојување до Собранието. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30% пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година, спроедено со истиот период минатата година.

Министерството за финансии соопшти дека со оваа мерка ќе се поддржат работните места, платите на вработените, а ќе се инјектираат околу 70 милиони евра во стопанството и ликвидносно ќе се поддржат компаниите.

„Со новиот предлог-закон мерката е уште потаргетирана, односно на фирмите потешко погодени од кризата, предвидено е да им се исплаќа повисока финансиска поддршка. Имено, кај фирмите кои имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен; за намален приход од 40,01% до 50% предвидени се до 15.955 денари по вработен; за намален приход од 50,01% до 60% до 17.410 денари по вработен; за намален приход од 60,01% до 70%, до 18.865 денари по вработен; за намален приход од 70,01% до 80%, до 20.320 денари по вработен и за намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен. Во однос на подоброто таргетирање – со предлог законот е утврдено дека не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години“, се наведува во соопштението.

Како рефрентен период во законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар.

Фирмите кои аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Во однос на работниците, фирмите кои аплицираат за финансиска поддршка можат да имаат најмногу 10% од вработените со месечна нето-плата од над 120.000 денари. Фирмите не можат да аплицираат за финансиска поддршка за плата за вработен кој во јуни, јули, август и септември остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно на полно или неполно работно време. Исто така, мерката нема да може да се користи за вработени за кои се користи мерката „Македонија вработува“, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.

Работодавачите кои користат финансиска поддршка, бројот на вработени нема да смеат да го намалуваат два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со месец февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Предвидени се и заштитни механизми во предлог-законот, за да платата стигне во целост до работникот. Имено, во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделени превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија13 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион13 часа

На Балакнот денеска рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет13 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет15 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија16 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија18 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија18 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион19 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија20 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет20 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија21 час

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија21 час

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија1 ден

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија1 ден

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион1 ден

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија1 ден

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија2 дена

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ2 дена

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Досие