Контакт

Економија

New York Times ќе го наплатува своето он-лајн издание

Објавено пред

Најпознатиот американски дневен весник New York Times (NYT) од следната година ќе ја наплатува посетата на своето он-лајн издание, јавуваат денеска светските медиуми.

Најпознатиот американски дневен весник New York Times (NYT) од следната година ќе ја наплатува посетата на своето он-лајн издание, јавуваат денеска светските медиуми.

Сличен чекор најави и медиумскиот магнат Руперт Мердок, сопственик на News Corp., што го покренува прашањето за завршување на ерата на бесплатно информирање од весниците.

NYT е досега најголемиот издавач кој се одлучи на ваков чекор , со кој се крши непишаното правило, интернет корисниците да имаат бесплатен пристап до веб-сајтовите на дневните весници.

Од Управниот одбор на весникот, ваквата одлука ја соопштиле и пред јавноста, иако се свесни дека станува збор за ризик од кој епилогот не може да биде познат, пишуваат во четврток американските весници.

Сепак првите луѓе на NYT се подготвени да ја преземат одговорноста во поставувањето на нови стандарди во медиумската сфера.

Најпознатиот американски весник излегува уште од далечната 1851 година, и во моментов е најтиражниот дневен весник во САД, после Wall Street Journal и USA Today./крај/тн/вм

Економија

Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Објавено пред

Oд утре (27.10.2020 година), почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 30.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник (28 октомври). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Прикажи повеќе...

Економија

Бензините поевтинуваат

Објавено пред

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новите цени на бензините се: ЕУРОСУПЕР БС  95 – 58,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 60,5 денари за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар, а новата цена на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е 50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184  и ќе изнесува 26,938 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев – Димовски: Социјалниот дијалог е на високо ниво

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска во Владата прими делегација на Сојузот на синдикатите (ССМ) предводена од претседателот Дарко Димовски.

„Учесниците на средбата, го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како единствена движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и подобрување на квалитетот на сите граѓани. Беше констатирано дека постои волја за унапредување на социјалниот дијалог, за кој е заклучено дека изминатиот период е издигнат на високо ниво, со цел да се придонесе за унапредување и заштита на работничките права и обезбедување поголема социјална сигурност во кризните услови предизвикани од КОВИД-19“, соопштија од Владата.

На средбата било разговарано и за активностите на ССМ со посебен фокус на прашања кои се отвораат и кои е потребно да се регулираат во новиот Закон за работни односи за време на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и интервентни измени во постоечкиот Закон како одговор на сегашните предизвици на пазарот на трудот.

Премиерот Заев истакнал дека Владата останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, посебно нагласувајќи дека задоволните работници ја движат државата напред и истакнувајќи ја улогата и партнерскиот однос со синдикатите и работодавачите.

Претставниците на Сојузот на синдикатите изразиле поддршка за мерките на Владата за надминување на актуелната криза и обезбедување на егзистенција на сите работници, компании и граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Свет23 минути

Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија39 минути

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет1 час

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ2 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија2 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион3 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија4 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа5 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ5 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет5 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија5 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија17 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет17 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија18 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија20 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион21 час

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион23 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа24 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион1 ден

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Досие