Економија
Берзата со промет од 18,5 милиони денари
Остварениот промет на Македонската берза при тргување во петок изнесуваше дури 18.498.926,09 денари.
Остварениот промет на Македонската берза при тргување во петок изнесуваше дури 18.498.926,09 денари.Индексот МБИ10 од забележа пад од 0,12% и изнесуваше 2.832,04 индексни поени. Индексот на Јавно поседуваните друштва, после тридневниот пораст, во петокот се спушти во црвена зона. Неговиот пад изнесуваше 0,29%, односно 3.085,46 индексни поени. Единствено индексот на обврзниците оствари раст во петокот од 0,08% и се позиционираше на ниво од 110,59 индексни поени. Од компаниите кои котираат на Официјалниот пазар најмногу се тргуваше со Стопанска банка Битола чиј промет изнесуваше 1.836.102,00 денари. Просечната цена од 3.387,64 денари што значеше пад од 0,32%. Истргувани беа 542 акции кои се реализираа преку 16 трансакции. Алкалоид Скопје оствари промет од 1.761.908,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.949,18 денари со што беше остварен пораст од 2,13%. Истргуваната количина од 356 акции се реализираше преку 18 трансакции. Распонот на цената се движеше од 4.900,00 до 5.000,00 денари.Трета по ред во однос на остварен промет беше Комерцијална банка Скопје, а тој изнесуваше 977.116,00 денари. Цената од 2.848,73 денари по акција и донесе на оваа акција пад од 0,04%. Истргувани беа 343 акции.Во однос на тргувањето со обврзниците од денационализација, освен обврзницата од третата емисија, значаен промет направија и обврзниците од седмата и шестата емисија, со промет од 3.261.036,38 денари, односно 1.870.368,20 денари.На Редовниот Пазар најголем промет оствари компанијата Тутунска банка Скопје. Беа истргувани 101 акција по цена од 4.850,00 денари, што претставуваше пораст од 0,60%. Со овие акции беше направен промет од 489.850,00 денари. Акцијата на Македонски Телеком Скопје оствари промет од 415.390,00 денари. Просечната цена изнесуваше 441,90 денари, а беше остварен мал пад од 0,67%. Истргувани беа 940 акции преку 8 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Р.Македонија-денационализација 032. Р.Македонија-денационализација 073. Р.Македонија -денационализација 064. Стопанска банка Битола5. Алкалоид Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Алкалоид Скопје 2,13%2. Гранит Скопје 1,57%3. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 1,42%4. Фершпед Скопје 1,36%5. Р.Македонија – Денационализација 06 1,18% Хартии од вредност со најголем пад1. Факом АД Скопје 28,57%2. Бетон Скопје 10,16%3. ОКТА Скопје 3,77%4. Макстил Скопје 3,05%5. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 1,06%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.
Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

