Економија
Берзата со скромен промет
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 9.316.629,70 денари. Индексот МБИ10 го промени досегашниот тренд и оствари пораст од 0,76% при вредност од 2.793,26 индексни поени. МБИД оствари минимално намалување од 0,03%,
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 9.316.629,70 денари. Индексот МБИ10 го промени досегашниот тренд и оствари пораст од 0,76% при вредност од 2.793,26 индексни поени. МБИД оствари минимално намалување од 0,03%, а на крајот од трговскиот ден заврши со вредност од 3.086,45 индексни поени. ОМБ оствари поголем пад од вообичаено, кој на дневна основа изнесуваше 0,82% при вредност од 110,31 индексни поени. Од официјалниот пазар најликвидна беше Стопанска Банка Битола со промет од 911.400,00 денари. Просечната цена од 3.100,00 денари по акција резултираше со намалување од 1,83%. Истргувани беа 294 акции кои се реализираа преку 14 трансакции.Алкалоид Скопје со промет од 744.136,00 денари беше втора според ликвидност од официјалниот пазар. Оваа акција го прекина континуираниот пад и забележа пораст од 0,63% при просечна цена од 4.800,88 денари. Минималната цена изнесуваше 4.772,00 денари, максималната 4.850,00 денари. Истргувани беа вкупно 155 акции кои се реализираа преку 14 трансакции.Меѓу најтргуваните од официјалниот пазар беше и Гранит Скопје со промет од 600.645,00 денари. Просечната цена од 735,18 денари значеше пораст од 0,58%. Истргувани беа вкупно 817 акции кои се реализираа преку 4 трансакции.На редовниот, а воедно и на официјалниот пазар најликвидна беше Тутунска Банка Скопје со промет од 2.783.230,00 денари. Просечната цена од 4.900,05 денари не резултираше со промена на дневна основа. Истргувани беа вкупно 568 акции кои се реализираа преку 23 трансакции.Следуваше Раде кончар Скопје со промет од 1.062.500,00 денари. Просечната цена од 1.250,00 денари значеше пораст од 1,63%. Истргувани беа 850 акции кои се реализираа преку само една трансакција.Пет најтргувани хартии од вредност1. Тутунска Банка Скопје2. Раде Кончар Скопје3. Стопанска Банка Битола4. Алкалоид Скопје5. Гранит СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Макстил Скопје 3,32%2. Макпетрол Скопје 1,85%3. Македонијатурист Скопје 1,79%4. Раде Кончар Скопје 1,63%5. Алкалоид Скопје 0,63%Хартии од вредност со најголем пад1. Металец Битола 20,14%2. Р.Македонија – Денационализација 07 6,40%3. Стопанска Банка Битола 1,83%4. Компани Боем Штип 1,56%5. ЕМО Охрид 1,19%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

