Економија
Берзата со просечен пораст
Прометот на македонската берза за хартии од вредност при денешното тргување беше просечен и изнесуваше 9.617.715,88 денари, а двата акциски индекси остварија пораст.
Прометот на македонската берза за хартии од вредност при денешното тргување беше просечен и изнесуваше 9.617.715,88 денари, а двата акциски индекси остварија пораст.
МБИ10 го одржи растечкиот тренд кој трае веќе 5 дена по ред. Дневното зголемување изнесуваше 1,04%, додека вредноста при затворањето на пазарот беше 2.960,89 индексни поени. МБИД при дневен пораст од 0,60%, забележа вредност од 3.184,57 денари.
ОМБ оствари незначително намалување од 0,02% позиционирајќи се на ниво од 110,02 индексни поени.
Најтргувана од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 1.637.617,71 денари, што не беше доволно за да биде најликвидна на целата берза. Просечната цена од 84,99% значеше пораст од 0,19% на дневна основа.Истргувани беа вкупно 31.327 обврзници кои се реализираа преку 15 трансакции.
Следуваше Алкалоид Скопје со далеку послаб промет кој изнесуваше 894.953,00 денари. Просечната цена од 4.971,96 денари резултираше со пораст од 0,45%. Трендот на оваа акција го следи движењето на МБИ10, така што во последните пет дена забележува непрекинат раст. Минималната цена изнесуваше 4.920,00 денари, а максималната 4.999,00 денари. Истргувани беа 180 акции кои се реализираа преку 18 трансакции.
Третопласираната според ликвидност беше Гранит Скопје со промет од 806.590,00 денари. Просечната цена од 800,19 денари беше доволна за пораст од 0,72%. Акцијата на оваа компанија бележи позитивен тренд веќе седум дена по ред. Истргувани беа вкупно 1.008 акции кои се реализираа преку 11 трансакции.
Најтргувана на целата берза, а воедно и на редовниот пазар беше акцијата на Тутунска Банка Скопје со промет од 1.735.500,00 денари. Просечната цена од 4.958,57 денари оствари дневен пораст од 0,17%. Ценовниот распон се движеше од 4.950,00 денари до 4.980,00 денари, а последната реализирана цена беше 4.980,00 денари. Истргувани беа 350 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.
Како втора според ликвидност од редовниот пазар се истакна Македонски Телеком Скопје со промет од 851.880,00 денари. Просечната цена од 478,32 денари значеше намалување од 0,31% на дневна основа, што претставува второ опаѓање по ред. Истргувани беа вкупно 1.781 акции кои се реализираа преку 9 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Тутунска Банка Скопје2. Р.Македонија – Денационализација 083. Алкалоид Скопје4. Македонски Телеком Скопје5. Гранит СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Статер банка Куманово 11,10%2. Раде Кончар Скопје 4,09%3. Комерцијална Банка Скопје 2,39%4. РЖ Услуги Скопје 2,10%5. Макстил Скопје 2,10%Хартии од вредност со најголем пад1. ЕМО Охрид 62,22%2. Р.Македонија – Денационализација 06 2,26%3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 0,84%4. ОКТА Скопје 0,60%5. Македонски Телеком Скопје 0,31%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

