Економија
Состојбата во трговијата на мало неповолна

Раководителите на деловните субјекти од областа на трговијата на мало оцениле дека економската состојба на нивните субјекти, во четвртиот квартал од 2009 година, е понеповолна во однос на истиот квартал од 2008 година, како и во однос на третиот квартал од 2009 година
Раководителите на деловните субјекти од областа на трговијата на мало оцениле дека економската состојба на нивните субјекти, во четвртиот квартал од 2009 година, е понеповолна во однос на истиот квартал од 2008 година, како и во однос на третиот квартал од 2009 година.
Ова го соопшти денеска Државниот завод за статистика, додавајќи дека раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртиот квартал е поповолна во однос на претходниот квартал.
Според истиот извор, нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се пооптимистички.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите, во текот на четвртиот квартал од 2009 година, е зголемена во однос на третиот квартал од 2009 година.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се малку понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се пооптимистички во однос на претходниот квартал, соопшти заводот за статистика./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.