Економија
МЗШВ ќе добие донација од Турска ТИКА

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ќе ја прими донацијата од Турската Администрација за Развој и Соработка –ТИКА.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ќе ја прими донацијата од Турската Администрација за Развој и Соработка –ТИКА. Донацијата се состои од две теренски возила и опрема за гаснење на шумски пожари.Опремата и возилата ќе ги предаде турскиот амбасадор во нашава земја, господин Арслан Хакан Окчал. Настанот ќе се одржи на паркинг просторот во Македонија Табак во 11 часот. /крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Меѓународен ден на еднакви плати: Жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на работното место. По тој повод, Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) предупредува дека родовиот јаз во платите останува сериозен проблем и покрај долгогодишната законска рамка што гарантира еднаква плата за иста работа.
Според податоците, жените на глобално ниво заработуваат околу 20% помалку од мажите, додека во Европската Унија просечниот јаз изнесува 12,7%. Во Македонија, разликата во 2022 година била 13,5%, со просечна годишна бруто-заработувачка од 615.725 денари кај мажите и 532.625 денари кај жените. Најголеми разлики се бележат кај вработените на возраст од 45 до 49 години и кај оние со високо образование.
GEA укажува дека овие нееднаквости се резултат на дискриминација на пазарот на трудот, пониска застапеност на жените на раководни позиции и концентрирање во сектори со пониско вреднуван труд. Дополнително, најголемиот дел од примателите на минимална плата се жени.
„Овие разлики не се само прашање на правичност, туку и на економска рационалност. Жените претставуваат најголемиот неискористен потенцијал за економски раст,“ порачаа од Алијансата, додавајќи дека намалувањето на родовиот јаз во учеството на пазарот на труд би донело значителен раст на глобалниот БДП.
GEA апелира институциите, работодавачите и општеството да обезбедат еднаков третман, фер застапеност и реални можности за напредок на жените, нагласувајќи дека родовата еднаквост е предуслов за одржлив развој и праведно општество.
Економија
Министерството за енергетика: Методологија за енергетска сиромаштија – Македонија првпат добива јасни критериуми за ранливите домаќинства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската Заедница за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Во нивниот коментар, беше потврдено дека документот е во согласност со европските стандарди и со обврските кои произлегуваат од Директивата (ЕУ) 2019/944, која ги задолжува земјите да воспостават и објават критериуми за утврдување на енергетската сиромаштија.
Тоа значи дека методологијата е целосно прифатлива за објава, а воедно претставува и прв ваков систематизиран документ во земјава кој ќе овозможи реално мерење и следење на овој феномен.
Со оваа методологија, за првпат се воспоставуваат јасни критериуми за препознавање на ранливите домаќинства – како што се ниските приходи, високите трошоци за енергија во семејниот буџет и ниската енергетска ефикасност на домаќинствата. Овие параметри ќе бидат основа за понатамошни годишни програми за заштита на ранливите енергетски потрошувачи, велат од Министерството за енергетика.
Зошто е важна методологијата?
· Таа ќе овозможи институциите да имаат јасна слика за обемот и структурата на енергетската сиромаштија во земјата.
· Ќе послужи како основа за креирање таргетирани политики и мерки за заштита на домаќинствата кои најмногу се соочуваат со тешкотии при обезбедување енергија.
· Ќе придонесе кон усогласување со европските практики и стандарди, како дел од пошироката агенда за енергетска транзиција и социјална одржливост.
Министерството за енергетика веќе работи на следните чекори – подготвување на годишна програма за заштита на ранливите потрошувачи, каде методологијата ќе биде централна алатка за дефинирање на приоритетите и интервенциите.
„Со оваа методологија за првпат систематски ќе ја измериме енергетската сиромаштија во земјава. Тоа ќе ни овозможи јасно да ги идентификуваме домаќинствата кои се најпогодени и да креираме прецизни, таргетирани мерки за нивна заштита. Нашата цел е никој да не биде оставен на маргините. Ова е силен чекор напред кон една поправедна и посоцијално одржлива енергетска политика“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Со ова, Македонија прави значаен исчекор во градењето на праведна енергетска политика која се грижи за граѓаните и ја става социјалната димензија на енергетската транзиција во фокусот, се додава во соопштението на Министерството за енергетика.
Економија
Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година.
Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места, а во изградбата Лидл соработува со над 75 македонски компании.
Покрај премиерот Мицкоски на настанот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик министерот Марјан Ристески, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Милена Драгијска, извршна претставничка на Лидл, изрази благодарност за соработката со Владата, во кои, како што рече гледаат големи партнери.
„Овој логистички центар подразбира свежи производи за македонските потрошувачи во секоја продавница, секој ден. Ова е можност и за македонските производители да ги намалат трошоците, односно да ги складираат своите производи овде како централна локација, а дополнително ние располагаме со механизми за контрола на квалитет, бидејќи гарантираме за свежината и за квалитетот на производите“, изјави Драгијска.
Со површина од 170 000 м2 и оперативна површина од 63 000 м2, ова е најголемиот логистички центар во Северна Македонија. Преку иновативната технологија, стандардите на градба, енергетската ефикасност и начин на работа, со логистичкиот центар се поставуваат нови стандарди за логистичка инфраструктура во Северна Македонија.
Лидл е дел од групацијата „Шварц“, со седиште во Некарзулм, Германија, и е еден од водечките трговци на мало со храна во Германија и Европа. Лидл моментално управува со околу 12.600 продавници и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува над 382.400 луѓе.
ПР