Економија
BtoBet ја продолжува поддршката на македонскиот спорт
BtoBet продолжува да го поддржува македонскиот спорт. Во текот на 2022 година компанијата реализираше донации на вкупно три спортски клубови и две индивидуални спортистки во различни спортски дисциплини.
![]()
Еден од поддржаните клубови е „Тенис парк поинтер“, кој е еден од најголемите и најуспешни клубови за професионални и аматерски тениски играчи во земјава. „Донираните средства од BtoBet ги наменивме за развој на детските тениски школи и унапредување на школите во јуниорските категории. Ги имаме едни од најдобрите и најталентирани млади тенисери кои континуирано бележат успеси, на што сме особено горди“, вели спортскиот директор на клубот, Цветан Војчески. Тој додава дека по двата успешно реализирани интернационални турнири, планот на клубот е да го продолжи развојот во оваа насока.
![]()
Поддршка доби и македонскиот стрелачки клуб „Стрелец“, под водство на Јордан Тасевски, кој е и претседател на Македонската спортска стрелачка федерација.
![]()
„Стрелачката федерација, како и државната репрезентација каде што голем број стрелци се од СК ‘Стрелец’ има освоено три таканаречени Б-олимписки минимални норми за можно учество на Олимписките игри во Париз 2024. Во олимпискиот циклус кој ни претстои следната година е планирано учество на европското првенство во Естонија и трите Европски игри во Полска, каде што стрелците ќе се борат за влез во финале и дополнителна борба за медал“, вели Тасевски, потенцирајќи дека Македонија навистина има квалитетни стрелци во повеќе стрелачки дисциплини.
Претседателот на едриличарскиот клуб „Снегар“ Струга, Лазо Ѓоргоноски, истакнува дека донацијата од BtoBet помогна клубот да ја продолжи својата работа и да биде дел од домашни и меѓународни регати. Во однос на плановите за следната година, Ѓоргоноски вели дека ЕК „Снегар“ планира учество на повеќе регати во странство, меѓу кои во Србија, Црна Гора, Турција и традиционално затворање на сезоната на октомвриската регата во Дубровник, Хрватска.

Од индивидуалните спортови, поддржани спортистки за 2022 година се велосипедистката Дуња Иванова и атлетичарката Марија Стојановска.
Иванова, инаку дел од ВК „Енерџи сајклинг“ вели дека од големо значење е секој придонес кој бизнис-заедницата и државата го обезбедува за македонските спортисти. „Среќна сум што можам да споделам дека покрај редовните домашни и меѓународни трки, клубот се подготвува за историски подвиг во текот на 2023 година, за кој поддршка е и повеќе од добредојдена“. Како дел од плановите за претстојната година на атлетичарката Марија Стојановска и АК „Делта“ каде што таа е тренер е подготовката за Европското првенство во атлетика 2023.
Од BtoBet истакнуваат дека можноста да се обезбеди поддршка за спортот воопшто, но и за женскиот домашен спорт е нешто со кое компанијата особено се гордее. Реализираните донации се дел од општествено одговорните практики и активности кои компанијата редовно ги имплементира.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

