Економија
ДЗЛП стана членка на Глобалната мрежа за спроведување на прописи за приватност
Дирекцијата за заштита на личните податоци(ДЗЛП) на 12 август оваа година стана членка на Глобалната мрежа за спроведување на прописи за приватност.
Членови на оваа мрежа се органи за заштита на приватноста од повеќе земји меѓу кои: Белгија, Канада, Кина, Европска Унија – (Европскиот супервизор за заштита на лични податоци), Франција, Германија, Холандија, Норвешка, итн. Од земјите во нашето опкружување се следниве: Албанија, Бугарија, Косово, Словенија.
Основната мисија на членовите на оваа мрежа е да се дискутира за практичните аспекти на спроведување на законот за заштита на приватноста, соработка и споделување на најдобрите практики во решавањето на прекуграничните предизвици. Воедно, членовите на оваа мрежа работат за да развијат заеднички приоритети за спроведување и меѓусебна поддршка на заедничко спроведување иницијативи и кампањи за подигање на свеста за заштитата на личните податоци. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илиевска: Предлог-буџетот за 2026 година е развоен, стабилен и насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните
На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.
„Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, за нови училишта, нови спортски сали, игралишта, нови градинки, нови болници, за нови патишта, за развивање на инфраструктурата, за развивање на дигитализацијата, и најважно од се за реализација на капитални инвестиции кои се особено важни, бидејќи тоа се зрели проекти кои се веќе и во реализација, конкретно оние проекти во општините кои токму државата ги финансира, а се однесуваат и се наменети за граѓаните“, вели Илиевска.
Илиевска дополни дека со буџетот се проектира раст на просечната нето-плата од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% и намалување на невработеноста на 10%. Проектираниот економски раст од 3,8%, според неа, е показател за стабилен и забрзан развој на економијата.
„Со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето-плата да порасне на 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% што невработеноста би се намалила на 10%. Проектираниот раст на економијата за 3,8% е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст и се дава сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо“, истакна Илиевска.
Илиевска посочи дека граѓаните ќе ги уживаат бенефитите со новиот буџет кој е конципиран во контекст на економскиот раст, финансиската стабилност и реализација на стратешки приоритети на Владата.
„Во буџетот за 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати, или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за работниците, за наставниците и професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, едноставно за сите луѓе коишто творат и создаваат во Македонија“, заклучи Илиевска.
Економија
Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација
Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде истакна дека според Фискалниот совет се забележуваат основи на фискална консолидација. Јаревски додаде дека Предлог-буџетот ја истакнува волјата на извршната власт за развој. Според него, опозицијата води несуштинска расправа во контекст на Предлог-буџетот.
,,Мојот впечаток во овие 3 дена општа расправа е тоа дека опозицијата се уште упорно одбива да ги увиди некои работи, упорно седи во својот свет и за жал повторно ќе констатирам во тоа е се поосамена“, рече Јаревски.
Јаревски посочи дека Предлог-буџетот е реален, со силно изразена развојна компонента и ја изразува волјата на извршната власт за стабилизација и основа за развој.
,,Од друга страна, од кај опозицијата гледаме само настапи, каде што се бараат 2 или 3, можеби 5 подставки каде што во овој буџет се можеби помали во однос на претходната година. И целокупната нивна активност насочена во расправата на овој буџет, е токму таа што практично доведува до услови да имаме несуштинска расправа“, кажа Јаревски.
Јаревски истакна и дека Фискалниот совет за овој Предлог-буџет укажа дека се воочливи знаци и чекори на фискална консолидација, во споредба со претходните искуства кој истиот ги имал со СДС, каде се забележуваше негативен тренд на сите полиња, за разлика од сега кога трендот е позитивен.
,,Фискалниот совет за овој буџет прв пат укажа дека се запознаа се заприметија или се констатираа првите знаци и чекори на фискална консолидација. Не знам како може некој упорно да игнорира фактот дека и ММФ и Светска банка ги ревидираа на повисоко процентите за раст. Зошто? Бидејќи, на некој начин и самите беа затекнати, поучени од претходниот традиционално искуство на СДС да има негативен тренд на сите полиња, овде имавме позитивен тренд. Ги подигнаа проекциите“, вели Јаревски и додава:
,,И веќе ако велиме дали имаме потреба од суштинска расправа, тогаш можеме да ги видиме клучните макроекономски индикатори“.
Економија
(Видео) Трајчулевски: Предложениот Буџет за 2026 година ја турка државата во уште подлабока сиромаштија
Предложениот Буџет за 2026 година е документ кој ја турка државата во уште подлабока сиромаштија, неизвесност и задолжување, а граѓаните ги остава заборавени. Оваа влада нема никаков план за достоинствен живот на граѓаните. Единствено што знае е да приредува театар што сите скапо го плаќаме, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.
Тој потенцираше дека со овој предлог буџет граѓаните се запоставени, средства не се доделуваат каде што се најпотребни, а минималната плата е суровата реалност за граѓаните.
„Затоа ја слушаме изјавата на министерот за економија, кој истакнува дека нема економска причина и оправданост за зголемување на минималната плата за работниците. Министерот, од безбедна дистанца и со одлична плата, им објаснува на сопствениот народ дека добро се живее со минимална плата, која, впрочем, е најниска во целиот регион. Повторно розови очила за власта и сурова реалност за работниците“, рече Трајчулевски.
Тој нагласи дека владата продолжува да ги крати средствата за значајни институции и проекти, како средствата за Инспекторатот за македонски јазик се скратени за 91%, и покрај тоа што, како што кажа, СДСМ го основа за заштита на јазикот. Според него, капиталните расходи се намалени за 15%, а фискалната консолидација се врши на сметка на инвестициите, а не преку рационализација.
„2025 година завршува со само 50% реализација. Вакво потфрлање не е видено во нашата историја. И после две години власт, нема ниту еден нов проект“, рече Трајчулевски.
Тој додаде дека владата проектира буџет од 6,7 милијарди евра, поголем од најголемиот досега, оној за 2025 година. „Ова дополнително ќе ја влоши фискалната кондиција на земјата и тоа ќе го видиме наредната година, при првиот ребаланс. Ова не е буџет за развој, ова е буџет за купување време, за купување социјален мир, за купување политички опстанок“, посочи Трајчулевски.
Тој потенцираше дека новиот буџет е доказ за континуирани неисполнети ветувања и лаги.
„Добредојдовте во реалноста, таа е пресликана во буџетот што го предлага власта. Изборите поминаа, сега граѓаните на власта веќе не ѝ се важни. Се прави крупна манипулација со лажно прикажување раст на БДП од 3,8%. За 2026 година се планира задолжување од над 120 милијарди денари. Во 2027 каматите ќе бидат 500 милиони евра, само за камати“, рече Трајчулевски.

