Економија
Erste Card Club го презема работењето на Diners Club во Србија, Македонија и во Црна Гора
Договорот за купопродажба на сопственичкиот удел помеѓу компанијата SKB Capital S.A. од Луксембург и Erste Card Club d.o.o. (ECC), со седиште во Загреб, потпишан е во Белград.
Со тоа ECC се стекнува со 100 отсто сопственост над компаниите на Diners Club International Belgrade d.o.o. од Белград (DCI Belgrade) и Diners Club International Mak d.o.o.e.l. од Скопје (DCI Mak), а посредно и над компаниите Diners Club International Montenegro d.o.o. од Подгорица и DC Travel од Белград. Diners Club International, како давател на франшизата, ја поддржува трансакцијата и го одобрува преносот на лиценцата ECC, како и иден развој на брендот на Diners Club и деловното работење на овие пазари. Досегашното работење на трите наведени пазари опфаќа нешто повеќе од 40.000 издадени картички Diners Club, со вкупен промет од 90 милиони евра.
Согласно со договорот, ECC го презема ексклузивното право за издавање и прифаќање на Diners Club картичката, односно одговорноста за понатамошен развој на брендот Diners Club и идниот развој на подрачјето на Србија, Македонија и Црна Гора. Се очекува најдоцна до првиот квартал од 2017 година да се завршат трансакциите и да се изврши финално пренесување на деловните удели, откако ќе бидат исполнети формално-правните услови од самиот договор, како и издавање одобренија од сите регулаторни тела.
„Како најголем издавач во регионот, ECC на територијата на Србија, Црна Гора и Македонија ќе донесе нови платежни решенија од палетата на производи на Diners Club и со тоа ќе ја збогати понудата на пазарите на овие три земји. Предностите од спојувањето на франшизата на регионално ниво, како и големиот потенцијал за проширување на деловните можности и успеси, ќе ги почувствуваат сите учесници во бизнис-франшизата, како и нашите партнери. Беспрекорниот сервис и услуга на кој се навикнати клиентите во Србија, Црна Гора и во Македонија повеќе од една деценија од работењето на Diners Club во овие земји, ќе остане приоритет и во иднина, а на клиентите ќе им биде достапен поголем избор кога станува збор за производи, услуги и бенефиции за плаќање со картичките Diners Club“, истакна Обрад Сикимиќ по повод потпишувањето на Договорот за купопродажба, кој следните пет години ќе ја врши должноста претседател на Надзорниот одбор во DCI Белград. На чело на Diners клубовите на територијата на Србија, Црна Гора и на Македонија, Обрад Сикимиќ е повеќе од 25 години, кој во тоа време активно работеше на позиционирањето на брендот Diners Club во овие земји, односно на развојот на понудата на платежните услуги.
„Овој чекор е логично продолжение на нашата деловна стратегија, која има за цел да го зајакне регионалното присуство на подрачјето на Југоисточна Европа. Земајќи ги предвид резултатите од досегашното франшизно работење на овие пазари, веруваме дека со развиениот бизнис-модел ќе можеме да обезбедиме врвен квалитет на услуги на клиентите и долгорочно да остваруваме успешни деловни резултати“, додаде Марија Радониќ, заменик-претседател на раководството на ECC, која е задолжена за регионалното работење.
Erste Card Club d.o.o. е картична компанија со повеќе од 550.000 издадени кредитни картички во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Словенија. Таа е дел од една од најголемите банкарски групации во Средна и во Источна Европа, Ерсте Групацијата, и нејзиниот партнер во овој регион, Steiermärkische Sparkasse од Грац. Покрај франшизата за Diners Club во Хрватска, која е една од 10-те најголеми и најуспешни во светот, ECC е сопственик и на Diners Club франшизата во Босна и Херцеговина и во Словенија, а присутна е и на пазарите во Унгарија, Бугарија и во Романија во сегментот на прифаќање на картичката./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

