Економија
Fashion Group со осум нови бренда во „Ист гејт мол“

Mодниот лидер во нашиот регион Fashion Group доаѓа во „Ист гејт мол“ со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови, но и веќе постојните, со подобрени и унапредени продавници: TIMBERLAND, PARFOIS, OKAIDI, SPRINGFIELD, FASHION & FRIENDS, како и три сосема нови трговски марки на македонскиот пазар.
Сите осум проекти се простираат на вкупна површина од 2.000 квадратни метри и во новиот трговски центар ќе бидат уредени според најновите идејни концептни проекти за внатрешно уредување.
Брендот MANGO ќе се простира на 580 квадратни метри и ќе биде уреден според последните стандарди и ќе се престави со целата своја колекција, каде што покрај женската линија, првпат во „Ист гејт мол“ се најавуваат и други колекции од брендот.
Од компанијата како новитети во „Ист гејт мол“ ги најавуваат и брендовите DAN JOHN и KIKO MILANO како лидери во својата област и сосема нова свежина на пазарот.
Трендсетерот и бизнис-лидер во модата на нашите простори, мултибренд продавницата Fashion&Friends ќе се претстави со целосно нов концепт и понуда на дополнително нови брендови, со што ќе има вкупна застапеност од над 20 модни марки за конфекција и обувки, како: Calvin Klein, Camper, Desigual, Diesel, Inuikkii, Levis, Liu Jo, Miss Sixty, Moose Knuckles, Mou, Paciotti, Patrizia Pepe, Premiata, Replay, Scotch & Soda, Steve Madden, Supedry, Tommy Hilfiger и други.
Љупчо Маневски, комерцијалниот директор на Fashion Group, официјално ги предаде нацртите за осумте проекти на лизинг-тимот на „Ист гејт мол“ и изјави:
„Fashion Group и понатаму останува омилено место за мода за сите прогресивни генерации. Претставуваме понуда која се темели на долгогодишно искуство и страст за создавање вредност за партнерите и купувачите, што се преточува во нови иницијативи, како отворањето на овие осум проекти во ‘Ист гејт мол’“.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Се намалува цената на горивата

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,065 денари/кг и сега ќе изнесува 41,411 денар/кг.
Од 7.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,00 (денара/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,411 (денар/килограм)
Економија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.
Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:
6.2.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
7.2.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Економија
„Брако“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн

БРАКО почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на БРАКО од индустријата за медицинска опрема
„Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во БРАКО. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат БРАКО ги произведе од алуминиум. Покрај современиот дизајн, алуминиумските паравани се лесни за манипулација и попрактични за употреба. Квалитетот, брзата изработка и навремената испорака се во основата на медицинската програма, која е една од првите производствени програми во БРАКО“, посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.
Медицинската палета на БРАКО се произведува согласно меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.
Најголемиот дел од производството во оваа програма, околу 95%, се наменети за извоз во Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.
Со примена на најновите практики и имплементација на современите технологии за поддршка на медицинските активности, производите на БРАКО ширум светот, придонесуваат во обезбедувањето навремена здравствена грижа за пациентите.
ПР