Економија
(Видео) Fashion Group: Да создадеме врeдности што немаат рок на траење!
Декември е месец кога владее магијата која ја создаваат убавите нешта. Здравици со семејството и пријателите, благодарност за она што не’ направило посилни и похрабри, надеж да ни’ се оствари она што долго го посакуваме….
Ова е и месец кој прави уште еднаш да се потсетиме кој и што во животот ни е навистина важно, што е она што ни предизвикува вистинска радост во срцето.
Сето ова го преточивме во една празнична приказна, полна љубов и топлина. Нашето новогодишно видео ви го посветуваме на сите вас кои се’ уште верувате во моќта на искрените мигови, традиција и надежта.
Семејството е богатство, сила и вредност, затоа ти благодариме што си дел од него! Среќа е кога сме сите заедно!
Да споделуваме уште многу убави моменти заедно и да создаваме заеднички традиции.
Ви посакуваме среќни празници!
Fashion Group
Организација и реализација: Fashion Group
Видео: Pinestel, Ѓорѓи Вацев
Модели: Антонела, Борјан, Марко, Зехра, Емили, Дорис, Давуд, Доли
Шминка и фризура: Милена Косиќ
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје
Автомобилските ентузијасти и претставниците на медиумите беа дел од извонредна вечер организирана од Porsche Center Skopje и Порше Македонија, на официјалното претставување на новиот Porsche 911. Настанот ја прослави еволуцијата на иконата, спојувајќи ги луксузот, иновациите и емоциите во ноќ за паметење.
На церемонијата на официјалното претставување беше презентирана најновата генерација на легендарниот Porsche 911, во Carrera 4 GTS изведба, отелотворувајќи совршен спој на безвременски дизајн и врвна технологија. Гостите беа почестени со ексклузивен прв поглед кон возилото со официјалното откривање, по што следуваше инспиративна презентација за компанијата и брендот од страна на генералниот директор на Порше Македонија и менаџерот на брендот Porsche.
Говорниците го истакнаа наследството на 911 како симбол за перформанси и софистицираност, притоа споделувајќи увид во неговите револуционерни карактеристики кои го креираат духот на извонредноста на Porsche.
„Porsche 911 не е само автомобил – тоа е изјава за страст, иновација и врвна изработка. Вечерва, воодушевени сме да им го претставиме најновото поглавје од ова трајно наследство на нашите лојални клиенти и ентузијасти на брендот Porsche во Македонија“, изјави г-дин Златко Муцунски – Генерален Директор на Порше Македонија.
„Новиот Porsche 911 го претставува врвот на автомобилскиот инженеринг и елеганција. Ја доловува суштината на она што значи да се вози Porsche – неспоредливи перформанси, дизајн и емоции. Возбудени сме да го споделиме ова неверојатно возило со Вас и да го доближиме искуството на Porsche до нашата заедница“ – изјави г-дин Винко Марашевиќ – Porsche Бренд Менаџер.
По свеченото претставување, атмосферата се префрли во вечер на забава, за која задолжен беше светски познатиот диџеј Махмут Орхан. Неговиот наелектризиран сет совршено ја надополни позитивната енергија на вечерта, создавајќи незаборавно искуство за сите присутни.
Настанот ја одразува посветеноста на Porsche да испорача не само исклучителни возила, туку и моменти кои остануваат во долго сеќавање.
ПР
Економија
Агенцијата за поддршка на претприемаштво го додели признанието за најдобар ментор за 2023 година
Во рамките на Европската недела на претприемаштво, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото успешно го реализира настанот Mentor Awards 2023, кој се одржа како дел од активностите на програмата „Стандардизирани менторски услуги“.
Настанот поддржан од Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA имаше цел да ја истакне важноста на мисијата на менторите во унапредувањето на работењето на македонските мали и средни претпријатија.
Добитник на наградата за најуспешен ментор за 2023 година е Неби Јусуфи од Регионалниот центар во Тетово, кој се истакна со својата експертиза, посветеност и позитивно влијание врз корисниците и со својата работа постигна значајни резултати. Најдобриот ментор за минатата година го избра жири составено од ментори.
На настанот менторите од шесте регионални центри имаа можност да презентираат по еден значаен пример на спроведена менторска услуга во нивниот регион. Во рамките на Mentor Awards 2023, во согласност со методологијата за спроведување стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија за периодот 2024 – 2029, Агенцијата ѝ додели овластување за инструктор за обука во пракса на Евгенија Лисичова, а на Никола Димковски (комуникациски вештини) и Тони Цветановски (управување со човечки ресурси) им додели овластување за обучувачи за теоретска настава.
Овие овластувања претставуваат важен чекор во создавањето на генерација квалификувани обучувачи, кои ќе го пренесуваат знаењето и искуството за унапредување на претприемништвото во земјата. Настанот ја потврди важноста на менторството како клучен фактор за успехот на македонските компании. Менторите, преку спроведување на стандардизираните менторски услуги, го ставија во функција своето долгогодишно знаење, обезбедувајќи насоки за развој, раст и одржливост на корисниците на овие услуги.
Претходниот ден, тим од Агенцијата за поддршка на претприемништвото предводен од в.д директорката Даниела Димовска оствари плодна средба со претставници на невладини организации кои работат во областа на економијата, претприемништвото и иновациите. Беа разменети мислења и идеи и беа поставени основи за идна соработка и за поддршка и развој на претприемничките иницијативи.
Покрај тоа, во текот на Европската недела на претприемништвото, Агенцијата реализираше низа активности со цел да го истакне значењето на претприемништвото и да обезбеди поддршка за младите и бизнис заедницата. Беа спроведени посети во средните училишта „Орце Николов“, „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, при што учениците имаа можност да се запознаат со основните принципи на претприемништвото и програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата, а беа организирани и работилници за поддршка на младите претприемачи, каде што беа презентирани успешни претприемачки модели и стратегии.
Како дел од одбележувањето, претставници од Агенцијата ги посетија и фирмите „Винарија чифлик“ од Битола и СВАРОГ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.
Со овие активности АППРМ потврди дека е клучен партнер во развојот на претприемаштвото во земјата обезбедувајќи платформа за инспирација, поддршка и промоција на нови иницијативи, кои ќе ја зајакнат економијата и ќе ја подготват следната генерација успешни претприемачи.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.