Економија
Груевски: Туризмот е еден од брзо растечките сектори во Македонија
Премиерот Никола Груевски во вторник се сретна со генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи
Соговорниците разменија мислења околу стратегијата на државата за развивање на туризмот, предлог мерки и активности кои се реализираат за стимулација и негово промовирање и јакнење на капацитетите на тој план.
Премиерот Груевски посочи дека оваа посета е добра можност за споделување на најдобрите светски искуства, но и можност да се истакне дека туризмот во Македонија е гранка со голем потенцијал за раст. Премиерот Груевски посочи дека Владата посветува особено внимание на неговиот развој и на промоција на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација во Европа, за што е формирано и посебно владино тело Комитет за туризам чија задача е токму унапредување на оваа дејност.
„Бројните мерки кои се преземаа на тој план придонесоа туризмот во Република Македонија да е еден од брзо растечките сектори во Македонија“, истакна Груевски.
Тој посочи дека на тоа поле се преземаат повеќе мерки и инвестиции, како што се намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за туристичките услуги, субвенционирање на организиран странски туристички промет и субвенционирање на нискобуџетни летови до повеќе дестинации во Европа, развивање на концепт за туристички развојни зони, реализирани се бројни проекти за подобрување на туристичката инфраструктура преку изградба и реконструкција на патишта, плажи, скијачки терени и др.
Премиерот Груевски истакна дека се работи и на обезбедување на подобрување на туристичките услуги и туристичката инфраструктура. Предвидени се повеќе проекти за развој на алтернативниот, руралниот, како и бањскиот, здравствен и рекреативен туризам.
Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи ги поздрави напорите и мерките кои ги презема Владата, како и особеното внимание кое го посветува за унапредување на туризмот. Тој посочи дека Светската туристичка организација стои на располагање за соработка и развој на потенцијалите во сферата на туризмот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

