Економија
И покрај санкциите американски ExxonMobil црпи нафта на руски Арктик
Американскиот гигант „ExxonMobil“ започна во саботата со црпење нафта во руската област од Арктикот, и покрај западните санкции наметнати на неговиот руски партнер „Роснефт“, а рускиот претседател Владимир Путин истакна дека тоа е добар пример за соработка.
Иако американските санкции наметнати против Русија поради нејзината наводна улога во украинската криза не се директно насочени на заедничките проекти на руските и американските компании кои се во тек, нивната цел е „Роснефт“ да биде финансиски исцрпен преку оневозможување да продава нафта за долари и да му се оневозможи пристап до модерната технологија.„Денес комерцијалните успеси ги води ефикасната меѓународна соработка“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, обраќајќи им се на директорот на „Роснефт“, Игор Сечин, кој и самиот е на „црната листа“ на САД и ЕУ, и на Глен Волер, челниот менаџер на „ExxonMobil“ обраќајќи им се преку видеоконференција од претседателската црноморска летна резиденција во Сочи при отпочнувањето на работа на платформата „West Alpha“ (Универзитетскаја 1) во Карското Море.„Деловната соработка, којашто ги вклучува руските и странските компании, совршено покажува дека и покрај некои сегашни политички тешкотии, прагматизмот и разумот надвладеаја и тоа ние е мило да го слушнеме“, додаде Путин. „Убеден сум дека заедничкиот проект меѓу ‘Роснефт’, ’ ExxonMobil’ и други компании ќе придонесат на нашите национални економии и ќе придонесат на јакнењето на глобалната енергетска ситуација“, порача рускиот претседател. Волер од своја страна посочи дека неговата компанија сака да соработува со Русија. „Нашата соработка е долгорочна“, истакна додавајќи дека „ExxonMobil“ гледа голема повеќекратна полза од оваа соработка.САД и Европската унија воведоа остри санкции за лица и компании од Русија, од замрзнување активи и забрана за патувања за деловни луѓе и функционери лиски до претседателот Путин, како и насочени секторски санкции кои на руските компании треба да им оневозможат пристап до западните финансиски пазар, пристап до технологии итн.Русија, пак, одговори со забрана на увозот на секој вид храна од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка, а премиерот Дмитриј Медведев во саботата потврди дека Москва може да воведе и други санкции, доколку Западот и натаму бие истраен на неговото притискање. Во прв ред се споменува затворањето за прелет на рускиот воздушен простор за европските воздухопловни компании, што би претставувало голема загуба за нив бидејќи би ги зголемило трошоците за летовите до азиските дестинации.Портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, исто така, порача дека Русија ќе преземесоодветни мерки, доколку продолжат западните санкции. „Ние не сме иницијатори на санкциите. Санкциите се изнудени. Ние не ги посакувавме, тие претставуваат одговор“, рече Песков и одговарајќи на прашањето дали Русија ќе наметне нови санкции доколку продолжат западните порача дека „Секако ќе има соодветни мерки“./крај/мф/сн
Извор: Reuters/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

