Економија
IHS Markit: Рускиот приватен сектор пораснал најсилно по повеќе од четири години
Активностите во рускиот приватен сектор пораснале во декември со најсилно темпо по повеќе од четири години, покажува објавеното во петокот месечно истражување на лондонскиот институт IHS Markit.
Индексот на менаџерите на набавките (PMI) во рускиот приватен сектор пораснал во декември на 56,6 поени, од 55,8 поени во ноември, соопшти лондонската компанија специјализирана за собирање и обработка на економски податоци, пренесува германската новинска агенција DPA.
Најновата бројка претставува круна на најдобриот тримесечен раст на економските активности во последните повеќе од четири години, констатираат во IHS Markit.
Притоа, индексот кој го мери нивото на активностите во услужниот сектор достигнал во декември највисоко ниво во последните 49 месеци, од 56,5 поени. Во ноември истиот показател изнесувал 53,3, поени. Неговата просечна тримесечна вредност во декември покажувала најсилен раст од првиот квартал во 2013 година, утврдиле во IHS Markit.
„Закрепнувањето на рускиот сектор на услугите забрза на крајот од 2016-та со раст на базичниот PMI на највисоко ниво во 49 месеци и откако втор месец со ред забележа побрз раст на деловните активности“, констатира економистот на IHS Markit, Сaмјуел Агас.
Двигател на забрзувањето бил засилениот прилив на новите и натамошните иако благо акумулирани постојни активности, покажува извештајот.
Челниците на компаниите во услужниот сектор и натаму се оптимисти кога станува збор за растот на работењето во претстојниот период. Вработувањето во овој сектор се стабилизирало во декември, искажано во вредноста на соодветниот сезонски подиндекс само малку под 50 поени, Повисоката вредност на индексот покажува засилено вработување,а пониската намалување на бројот на вработените.
Во производствениот сектор, пак, завршен е петмесечниот период на намалување на вработените, со најсилното темпо на вработување во декември за повеќе од пет и пол години, покажува исто така истражувањето на IHS Markit
Поранешниот руски министер за финансии сега директор на Центарот за стратешки истражувања, Алексеј Кудрин, изјави во четвртокот за агенцијата ТАСС дека руската економија полека закрепнува и дека минималниот позитивен раст би можел да биде забележан веќе на почетокот од 2017 година. Во 2019 година стапката на растот би можела да надмине 3 отсто и да достигне до 4 проценти, до 2021 година, додаде Кудрин.
Појасни дека ги поставиле таквите насоки за да бидат достигнати тие цели дека тоа е извор на сите мерки во Русија. Кудрин истакна дека цените на нафтата и натаму се нестабилни и дека цела низа фактори би можеле да предизвикаат нивен пад во претстојниот период, вклучително и зголеменото производство ширум светот. Дополнителниот проблем според Кудрин би можело да биде и стагнирањето на побарувачката доколку се компликува ситуацијата со економскиот раст во Кина. Најави и конечни предлози на Стратегијата за развој на Русија 2024-та најдоцна до февруари следната година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

