Економија
KFC DELIVERY: Отсега бесплатна достава на највкусното пилешко до твојот дом
KFC Македонија, како лидер на македонскиот пазар кога станува збор за крцкаво пилешко, воведе сопствена достава на територијата на Скопје и Тетово. Со цел на сите љубители на пилешкото, на различни локации низ градот, да им се овозможи на лесен начин да дојдат до вкусните специјалитети, доставата ќе се врши бесплатно.
Процесот на достава е спроведен според познатите глобални стандарди на франшизата за контрола на квалитет, хигиена и безбедност на храната. Секој доставен оброк ги почитува главните принципи на брендот – свежо направено, брзо и безбедно доставено! Притоа, особено внимание е посветено на вопоставување минимален контакт во целиот процес, од подготовка до достава, што е особено важно во обидот за запазување на мерките за безбедност. За целите на доставата, компанијата обезбеди професионални возила кои ќе овозможат брза и сигурна испорака.

Од КФЦ велат дека лансирањето на сопствена достава е уште еден начин да дојдат поблиску до своите потрошувачи и да ги направат нивните специјалитети достапни за секого, во секое време, на секоја локација. “Нашата филозофија е на нашите гости да им понудиме вкусно и лесно решение за квалитетен оброк, како и брза и безбедна услуга. Со новата платформа за достава, која е целосно менаџирана од KFC тимот, омилените оброци ќе им бидат достапни на сите љубители на KFC до нивната адреса за просечно време од 30мин. Целиот тим работи на обезбедување врвна услуга според глобалните стандарди на франшизата, се со цел да им понудиме нова вредност на нашите гости и да бидеме поблиску до нив”.

Нарачките ќе се одвиваат онлајн, преку веб-страницата delivery.kfc-mk.com, која е практична и лесна за употреба и овозможува следење на статусот на нарачките, а за поголема флексибилност, ќе има можност за плаќање со кеш или картичка. На потрошувачите дополнително ќе им бидат понудени ексклузивни промоции кои ќе бидат достапни само преку овој канал, а за лојалните корисници се подготвуваат голем број на поволности.
КФЦ Македонија како еден од најиновативните брендови во државата уште еднаш покажа дека е во чекор со сите трендови и секогаш наоѓа начин да го одржи високиот стандард на работење и услужување. Посетете ја веб-страницата за нарачки на следниот линк и уживајте во вкусен и крцкав оброк од удобноста на вашиот дом.


ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

