Контакт

Компании

Новата мрежа на оне.Вип со одлични перформанси, технолошката надградба продолжува и во 2017

Објавено пред

Новата мрежа на оне.Вип, во делот на интернет брзината на патиштата, е најбрза во Македонија, информираат од компанијата, по податоците од мерењата што ги извршила Агенцијата за електронски комуникации(АЕК).

АЕК мерењата ги извршила во периодот од 6 јули до 9 декември на територијата на целата земја, во градовите и тест рутите, односно поголемите патишта низ државата.

Од оне.Вип истакнуваат дека во 2016 година имале исклучително успешна година, со оглед на спојувањето на Оне и Вип во октомври 2015 година, како и со технолошкиот предизвик со кој се справиле при интегрирањето на мрежите и инсталирање на нова опрема, при што биле инвестирани неколку десетици милиони евра.

„Спојувањето на мрежите на двете компании е еден од најкомплексните процеси спроведени во Европа и значи спојување на преку 1,1 милион корисници во рекордно време за една година со минимално нарушување на континуитетот на услугите кон корисниците. За модернизација на мрежата оне.Вип инсталираше преку 3.300 нови антени на базните станици, повеќе од 200 километри оптички и напојни кабли, а потоа реализираше преку 1.000 посети на локации за фино подесување на мрежните елементи“, вели Димитар Ковачевски, новиот извршен директор на компанијата.

Од компанијата за следната година најавуваат дозавршување на проектот на интеграција на мрежите, како и новини во делот на фиксната телефонија што ќе придонесат за поголем бенефит за корисниците. /крај/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Ризико СМАРТ“ – нов производ на „Триглав осигурување живот“

Објавено пред

Триглав Осигурување Живот ад Скопје, воведе нов производ – Ризико СМАРТ, кој носи инклузивност со покривање на повеќе ризици а наменет е за сите оние кои сакаат целосно да го заштитат своето семејство при настанување на штетен настан по животот на корисникот на полисата.

Овој производ, наменет за лица од 18 до 65 години, го карактеризира флексибилност во поглед на траењето и начините на плаќање, а се согласно потребите на осигуреникот.

Корисници на кредит или лица кои сакаат да уживаат во сигурна иднина на своето семејство или друг корисник на осигурувањето, е вистинската таргет група за која е наменет овој вид на осигурување.

Производот Ризико СМАРТ како и останатите производи од палетата на Триглав Осигурување Живот е со целосно осигурително покритие во случај на смрт од Ковид-19.

За повеќе информации зинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02 5102-201 или на електронската пошта [email protected]

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Транспортните компании членки на „Македонија сообраќај – АМЕРИТ“ ќе бидат осигурени преку „Кроација“

Објавено пред

Кроација осигурување и СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска потпишаа Меморандум за соработка за осигурување на членките на АМЕРИТ. Сите транспортни компании и нивни вработени, членки на заедницата ќе имаат приватно здравствено и патничко осигурување преку Кроација. Соработката се должи на потребата на транспортните компании и професионалните возачи во меѓународниот транспорт да бидат осигурени и обезбедени соодветно потребите на оваа професија и експертизата на Кроација осигурување за обезбедување релевантни услови и комплетна осигурителна логистика.

За потребите на членките на АМЕРИТ, Кроација осигурување создаде здравствено и патничко осигурување, што соодветствува на високите европски и светски стандарди во меѓународниот транспорт, како и специфичните регулативи, кои наметнуваат високи нивоа на обезбедување на транспортерите.

„Професионализмот и високите стандарди што ги поставивме во работењето придонесуваат Кроација да биде приоритет при изборот на осигурувањето. Овозможуваме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. Дополнителното патничкото осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт”, изјави Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.

„Транспортниот сектор, како еден од двигателите на економијата, во овој тежок период поради пандемијата со Ковид–19, којашто предизвика тешки последици врз транспортот, наметнува обврска за изнаоѓање дополнителни идеи и решенија за олеснување и подобрување на транспортот. Осигурувањето е еден од начините за справување и олеснување на транспортот, а воедно и на учеството на луѓето опфатени со него, како и постигнување повисок степен на сигурност и одговорност во секторот. Оваа нека претставува само еден од многуте начини и заложби за негово подобрување”, истакна управителот на АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

Со овој меморандум за соработка се опфатени околу 400 компании што вршат меѓународен патен транспорт низ земјите во Европската Унија, но и пошироко, и со тоа овозможуваат непречен проток на патници, стоки и добра.

 

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со акција за садење нови 9.200 дрвца

Објавено пред

Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, компанијата е дел од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години. Својата мисија за позелена планета Халкбанк ја започна уште пред неколку години и досега кај нас има донирано над 25 000 садници, но има и реализирано многубројни активности во рамките на својата платформа „HalkEco“. Во последната акција за пошумување, во која учествуваа вработените на Халкбанк, посадени беа 9.200 дрвца во околината на Куманово.

Платформата „HalkEco“ промовира современ, здрав и еколошки свесен начин на живот. Во средиштето на платформата е апликацијата „HalkEco“, која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, да ја намалат емисијата на штетни гасови CO2 и да се вклучат во заштита на зеленилото. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 701 681 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, а со тоа обезбедија засадување над 8 771 нови дрвја и ја намалија емисијата на штетни гасови за над 88 806 килограми CO2. Мобилната апликација „HalkEco“ и нејзините 6 469 корисници и натаму во континуитет овозможуваат банката од нивно име да сади уште повеќе дрвја.

„Со учеството во коалицијата ’Priceless Planet‘ само го засиливме нашиот придонес за подобра животна средина на локално и на глобално ниво. За да направиме разлика, мора да почнеме од себе, затоа ние, вработените во банката, земаме учество во акциите за пошумување, како што беше последната во Кумановско. Постојано настојуваме банката да биде пример за одговорно и еколошки свесно однесување. Во рамките на нашето работење, практикуваме паметно селектирање отпад, користење еколошки алтернативи, како и инвестиции во подигнувањето на свеста за околината, поттикнувајќи ги вработените и нашите клиенти активно да ни се придружат. Се радуваме на секое ново дрвце, секој нов корисник на апликацијата, секој убав збор на поддршка што постојано ги добиваме. Луѓето и нивната добросостојба се во центарот на сè што работиме и затоа ќе продолжиме и натаму да ги поттикнуваме здравите навики и одговорното живеење“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

Позитивните активности што ги практикуваат платформите „Priceless Planet“ и „HalkEco“ се пример за општествена одговорност. Иднината зависи од сите нас, а следејќи ги Халкбанк и нивната политика за одржлив развој, сите ќе имаме можност да придонесеме за поздрава животна средина и за грижа за планетата Земја. Погледнете го видеото од последната акција за пошумување на следниот линк.

 

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет2 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија2 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Македонија4 часа

Заев посакува да види судска власт која не е составена по тефтерчиња, за него нема веќе недопорливи

Ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата, охрабрабрување на различно мислење, градење на СДСМ за новото време –...

Свет6 часа

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет6 часа

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет7 часа

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет9 часа

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет21 час

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија1 ден

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија1 ден

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија1 ден

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија1 ден

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат...

Македонија1 ден

Во болниците низ земјава има 536 ковид-пациенти, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 лица

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Свет1 ден

Најмалку 12 загинати во воздушнитe напади на Газа, срушена е и џамија

Палестинските власти потврдија дека најмалку 12 лица загинaле денеска во еден од неколкуте воздушни напади на северот на Појасот Газа,...

Македонија2 дена

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија2 дена

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет2 дена

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Досие