Компании
Студентите се сретнаа со успешни менаџери од Македонија
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска приреди прием за студентите од додипломски, постдипломски и докторски студии, коишто во рамки на проектот „Ден со македонските водечки извршни директори”, беа избрани да поминат еден работен ден со менаџери на успешни компании во Република Македонија.
Проектот се реализира под покровителство на Иванов, во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Програмата ќе се реализира во периодот од мај до август 2018 година, а меѓу успешните менаџери кои ќе ја спроведуваат обуката се Илина Јакимовска од „Комфи ангел“, Волфганг Марингер од „Арчелор митал“, Владимир Косијерод од „Пиварница Скопје“, Аврам Стојчевски од „Ван Хул“ и Штефан Петер од ЕВН Македонија.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, изрази очекување за целосна мотивираност и вклученост од страна на студентите, да ги поставуваат сите можни прашања, коишто, пак, би биле предизвик и за менаџерите.
„Ова е неверојатна програма што се реализира за првпат во Македонија. Целта е нашите домашни студенти да не мораат да одат надвор од државата за да ги учат различните менаџерски вештини и да стекнуваат искуства, туку да останат дома, во Македонија, и да учат од директорите коишто доаѓаат од странство“, рече Петер.
Дел од избраните учесници изразија задоволство што ќе бидат дел од проект на којшто ќе имаат непосредна можност да стекнат нови искуства, односно да добијат одговори на некои прашања во областите што се од нивен интерес.
„Ова е голема придобивка, пред сè се гледам овде, во Македонија, дејствува мотивирачки кога непосредно ќе се запознаеме со работата на луѓе коишто имаат голем придонес овде“, рече Марија Андонова.
„Можам да кажам дека Школата за млади лидери, на којашто учествував во 2015 година, беше причина и мотив да стигнам до позицијата на која сум сега. Овој проект мене би ми бил од големо значење бидејќи би можела да ги усовршам своите вештини, да бидам подобра во мојата професија и на позицијата на којашто сум сега“, рече Ванеса Василевска.
Главна цел на проектот е избраните студенти непосредно да се запознаат со работниот ден на еден врвен менаџер, да навлезат во процесите на водењетоа компанија, да стекнат нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемачки дух.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

