Контакт

Компании

Групација Триглав: Подобрување на кредитниот рејтинг на »А«, раст на премија и добивка повисока од планираната

Објавено пред

Работењето на групацијата Триглав во 2016-та година беше во согласност со стратешките насоки, кои што се базираат на профитабилност и безбедност во работењето, како и на зачувување на финансиската стабилност, информираат од компанијата.

dobivaj vesti na viber

Групацијата, според неревидираните податоци, оствари добивка пред оданочување во виснина од 95 милиони евра (планираната добивка беше помеѓу 80 и 90 милиони евра), а профитабилноста на капиталот изнесуваше 11,4%. Деловниот резултат, кој што е повисок од планираниот, првенствено е резултат на успешното работење во осигурителната дејност, додека пак, неповолните околности на финансиските пазари негативно влијаеа врз работењето.

Успешното работење во основната дејност влијаеше и на добриот резултат за комбинираниот коефициент на групацијата, кој што изнесува 92,9% (планирана вредност околку 95%). Групацијата, според неревидираните податоци, обезбеди 936 милиони евра бруто консолидирана премија од осигурување и соосигурување (планиран износ околу 900 милиони евра), при што е реализиран раст на премија на сите пазари. Резултатите покажуваат дека одлуката за фокус на продажни активности, коишто обезбедуваат придобивки за клиентите, на сите осигурителни компании во регионот Адриа, како и постигнувањето на висок стандард за сите услуги е вистинската за реализирање на планираната деловна стратегија.

Цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето на групацијата Триглав во 2016-та година беа потврдени од страна на агенциите за кредитен рејтинг, S&P Global Ratings и A.M. Best, кои го зголемија кредитниот рејтинг на Групацијата Триглав од »А- « на »А«. Рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза.

Според неревидираните податоци, групацијата Триглав оствари добивка пред оданочување во висина од 95 милиони евра (планирана беше помеѓу 80 и 90 милиони евра), како и нето добивка од 82 милиони евра. Матичното друштво 2016-та година ја заврши со добивка пред оданочување во висина од 83 милиони евра и нето добивка во висина од 75 милиони евра.

Профитабилноста на капиталот на Групацијата изнесуваше 11,4%, додека на матичното друштво изнесуваше 13,8%. Работењето на групацијата Триглав во 2016-та година беше во согласност со стратешките насоки, кои се базираат на профитабилност и безбедност во работењето, како и на зачувување на финансиската стабилност.

Деловниот резултат на Групацијата е повисок од планираниот, што е првенствено последица на успешното работење во осигурителната дејност. Во доменот на вложувањата, на работењето негативно влијаеа сè уште неповолните услови на финансиските пазари, кои што предизвикаа пад во приносот од финансиските вложувања.

Групацијата во 2016-та година работеше во делумно поповолни макроекономски услови, како во Словенија, така и во поширокиот регион, што ќе има влијание врз осигурителната дејност во следните години. Како што се очекуваше, ситуацијата на пазарите на осигурување остана комплексна и високо конкурентна.

Според неревидираните податоци Групацијата обезбеди 936 милиони евра консолидирана бруто премија од осигурување и соосигурување, а планирано беше околу 900 милиони евра. Веќе втора година по ред се забележува пораст во премија; во 2015-та година тој изнесуваше 3%, а во 2016-та година 2%, т.е. 3%, доколку при споредувањето се земе во предвид продажбата на чешката осигурителна компанија во 2015-та година.

Резултатите покажуваат успех во планираните активности, а првенствено укажуваат на доследноста во продажните активности, насочени кон клиентите во сите осигурителни компании на Групацијата, на високиот стандард на сите услуги, зголемувањето на ефикасноста, развојот на внатрешни и надворешни продажни канали, како и активната маркетинг стратегија.

Премијата од неживотното осигурување, која што претставува 65% од консолидираната полисирана премија, се зголеми за 2%, односно за 4% доколку се земе во предвид продажбата на чешката компанија. Премијата од животно осигурување остана на нивото од 2015-та година и покрај високите исплати за доспеани осигурителни полиси. Премијата од здравствени осигурувања порасна за 5%.

Групацијата Триглав во Словенија обезбеди 2% повисока премија во однос на 2015-та година, што е над растот на словенечкиот осигурителен пазар, којшто изнесуваше 1,5%. На словенечкиот пазар сите три осигурителни компании од Групацијата остварија пораст на премија и тоа, матичното друштво 1%, Триглав Здравствена заваровалница 6%, а Скупна покојнинска дружба 3%.

На пазарите вон Словенија просечниот раст на премија на групацијата Триглав изнесуваше 2%, односно 9%, доколку се земе во предвид продажбата на чешката компанија. Највисок раст на премија е реализиран во Србија (22%), додека во Хрватска изнесуваше 8%, во Македонија и во Црна Гора 2% и во Босна и Хецеговина 8%. Во согласност со стратешките насоки, уделот на бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување забележа раст од 17,3% на пазарите надвор од Словенија.

Групацијата планираше поголем обем на штетни настани (поплави, град, олуи), споредено со повеќегодишниот просек, со исклучок на 2015-та година, која што беше поволна. Во 2016-та година вкупната вредност на масовни штетни настани на ниво на Групација изнесуваше 19 милиони евра, од кои, како најголеми се издвоија летните олуи со град, априлскиот мраз и локалните поплави во Словенија.

Според неревидираните податоци, бруто исплатените штети на ниво на Групација (606 милиони евра) беа за 2% повисоки во споредба со претходната година, додека исплатените штети од матичното друштво (391 милиони евра) беа на исто ниво како во 2015-та година. Бруто оперативните трошоци на Групацијата и на матичното друштво беа за 2% повисоки, споредено со 2015-та година и тоа првенствено поради високите трошоци за аквизиција.

Доброто работење во основната дејност на неживотно и здравствено осигурување во 2016-та година е изразено во износот на комбинираниот коефициент на групацијата Триглав од 92,9% (планираната вредност е 95%), додека пак комбинираниот коефициент на матичното друштво изнесуваше 87,9%.

Приносите од финансиски вложувања (не вклучувајќи ги приносите од вложувањата на корисниците на животно осигурување, кои го превземаат ризикот на вложување) според неревидираните податоци беа за 27% пониски отколку во 2015 година, првенствено заради пониска нето добивка од продажба на финансиски средства, додека позитивен ефект имаше ре-евалуацијата на финасиските средства. Во 2016-та година групацијата Триглав спроведе инвестициска политика, која што првенствено се заснова на обезбедување на соодветна сигурност и ликвидност на вложувањата, а дури потоа на профитабилност.

Така, Групацијата, во согласност со ситуацијата, преку прилагодување на поедини удели на инвестициски класи ја зачува конзервативната структура на вложувањата, со фокус на првокласни државни обврзници.

Цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето на групација Триглав во 2016-та година ги потврдија и признатите рејтинг агенции S&P Global Ratings и A.M.Best, преку зголемување на бонитетната оценка од »A-« на »A«. Рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза.

На високото ниво на финансиска стабилност укажува и зголемувањето на целокупниот капитал за 6% (капитал во износ од 744 милиони евра), како и за 2% зголемените бруто технички резервации на групацијата Триглав (2.661 милион евра). Двете категории се гаранција и основа за балансирано работење и за осигурување на долгорочната безбедност на нашите осигуреници.

Групацијата Триглав со своите три осигурителни друштва убедливо ја завзеде лидерската позиција на словенечкиот осигурителен пазар, зголемувајќи го својот пазарен удел за 0,2 процентни поени, кој што сега изнесува 36,2%. Во Словенија, групацијата Триглав на пазарот на неживотни осигурувања обезбеди удел од 44%, на пазарот на животни осигурувања удел од 35%, додека пак на пазарот на здравствени осигурувања удел од 23,5%.

Групацијата Триглав ја зајакна својата положба на пазарот во Србија и во Хрватска, додека во Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора го намали својот удел за помалку од 1%, при што компаниите од Македонија и Црна Гора убедливо ја задржаа лидерската позиција.

„Задоволни сме со работењето во 2016-та година. Ги подобривме кредитните рејтинзи, а деловниот резултат е дури и повисок од планираниот. Влијанието од негативните фактори, првнествено пониските приноси од финансиски вложувања, е делумно помало од очекуваното. Истовремено, успеавме да реализираме релативно висок раст на премија. На нашите поголеми пазари го зголемивме пазарниот удел и го зголемивме уделот на премија од осигурување надвор од границите на Словенија, што е во согласност со нашите стратешки насоки за раст и развој на Групацијата. Во 2017 година продолжуваме со финансиски стабилно и профитабилно работење. Оваа година претставува почеток на новиот четиригодишен стратешки период на групацијата Триглав, а проектите за постигнување на посакуваните стратешки цели веќе се спроведуваат“, изјави Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар. /крај/со/мф

Copyright 2017 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax. Во спротивно makfax го задржува правото да го фактурира преземениот текст согласно својот ценовник и правила.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор

Објавено пред

Резолуција што носи сигурност

dobivaj vesti na viber

Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.

Јасна рамка за стабилен почеток

Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.

Фиксна камата и јасен принос

Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.

Мал чекор денес, стабилност утре

Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.

Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село

Објавено пред

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

dobivaj vesti na viber

СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.

Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.

„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.

Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.

Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари

Објавено пред

Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.

dobivaj vesti na viber

Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.

Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.

Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.

Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија2 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија2 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија2 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија3 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија3 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија3 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет7 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет8 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет10 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет10 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет10 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет10 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија19 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет1 ден

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион1 ден

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија1 ден

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет1 ден

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија1 ден

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...