Компании
Октомври – месец посветен на борба против ракот на дојката
На глобално ниво, ракот на дојка претставува најчест малигнитет што се јавува кај жените. Следствено на тоа е и најчеста причина за смрт кај жените. Податоците укажуваат на тоа дека секоја осма жена во текот на својот живот ќе се соочи со ова заболување, а за позитивен исход од болеста најважно е рана детекција и навремен третман. За рано откривање на ракот на дојката од круцијално значење е самопреглед, како и спроведување на скрининг кај највулнерабилната популација.
Иако може да се јави во која било возрасна група, сепак најчесто се јавува кај жени над 50-годишна возраст.
Од вкупната бројка на заболени 75% се јавуваат кај жени над 50, а преостанатиот процент се јавува кај жени над 65 годишна возраст. Кај женската популација во Македонија ракот на дојката најчесто се јавува во возрасна група од 45-49 години и 55 до 59 години. Во месец октомври, којшто е посветен на свесноста за ракот на дојката, потсетуваме зошто самопрегледот на дојките, познавањето на симптомите кои укажуваат на рак на дојка, како и превентивните прегледи значат живот. Податоците кажуваат дека повеќе од 90% од пациентите на кои им е дијагностициран рак на дојката можат да се излекуваат и да имаат квалитетен живот ако им се постави дијагноза во раната фаза.
Еден од најчестите симптоми на ракот на дојките е појава на грутка во ткивото на дојките, па секоја таква промена е битно да биде навремено дополнително иследена. Но постојат и други симптоми кои со чести самопрегледи би можело да се детектираат а упатуваат на можна малигна промена на градите:
1. Оток или осетливост на градата, знак кој многу често знае да биде игнориран од страна на жените поради честото поврзување на промената со предменструалниот синдром 2. Промена во текстурата на кожата- црвеникава површина со испакнатини, слични на кора од портокал
3. Исцедок од брадавиците- зеленикав, жолтеникав или крвав
4. Црвени дамки или модринки се знаци на воспалителен рак на дојката
5. Промени во изгледот на брадавицата било во формата, големината или бојата (освен ако не се работи за бременост) се знаци за малигнитет на дојката
6. Промена на големината или обликот на градите, а промената не е поврзана со промена на телесната тежина, бременост или предменструален синдром
7. Темните дамки или невообичаените пеги на кожата може да бидат знак за ретка и поагресивна форма на рак на дојка, наречен воспалителен рак на дојка.
Познавањето на знаците и симптомите кои упатуваат на малигна промена на дојките е битно при самопрегледот на дојките, тоа дава можност за навремено нивно препознавање и соодветно реагирање. Како се прави самопреглед на дојките?
Чекор 1: Застанете пред огледало со рацете на колковите, на овој начин можете да ги видите двете дојки и какви било промени во однос на големината, формата, контурите.
Чекор 2: Кренете ги рацете над вашата глава, гледајте дали градите се движат на ист начин и нотирајте какви било промени во однос на големината, формата, контурите, бојата на кожата
Чекор 3: Спуштете ги рацете и прегледајте ги брадавиците на двете дојки и барајте промени на кожата, исцедок, вовлекување на брадавиците
Чекор 4: Легнете на грб, со перница под вашата глава, едната рака кренете ја и ставете ја под главата, а со другата со показалецот и средниот прст со нежни, кружни движења допирајте ги градите низ целата должина со цел да нотирате промени во текстурата, бојата, големината. Истото повторете го и на другата града.
Поради пораст на инциденца на јавување на ракот на дојката, од голема важност е спроведување на скрининг помеѓу најпогодената популација.
Скринингот за рак на дојка претставува периодично правење на мамографија на здрава женска популација на возраст од 50-69 години, без присутни симптоми, со цел да се открие ракот на дојката во неговиот ран стадиум.
Скрининот за рак на дојка во Македонија е финансиран од Владата од 2006 година, кога со закон е пропишано дека секоја жена има право на бесплатен скрининг во државните болници.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

