Компании
SЕАТ Ateca ја освои наградата AUTOBEST за 2017 година
Моделот Ateca му го донесе на SEAT првото интернационално признание за „Autobest“ во Европа за 2017 година (“Best Buy Car of Europe in 2017” ). Наградите „Autobest“ се едни од најпрестижните на стариот континент.
По тестирањето во Италија на крајот на ноември, жирито на „Autobest“, кое го сочинуваат специјализирани новинари од 31 земја, ја избра Ateca за најдобар автомобил меѓу четирите други финалисти кои влегоа во крајниот круг од натпреварувањето.
Оваа награда е гаранција за развојот на компанијата којашто вложи голем напор во зголемување на присутноста на SEAT на најважните автомобилски пазари. Стратегијата опфати офанзива со најголема понуда на производи во досегашната историја на компанијата, со лансирање на три модели за 18 месеци: Ateca којашто веќе е на пазарот, петтата генерација на Ibiza и новата SEAT Arona crossover кој исто така ќе може да се купи следната 2017 година.
„Ateca има за цел да создаде врвна позиција за SEAT. Влегуваме во нов пазарен сегмент со производ кој нуди одлично возачко искуство за нашите клиенти и вистински ја претставува нашата ДНК. Ateca го носи брендот на едно повисоко ниво. Оваа награда е потврда дека сме на вистинската патека“, изјави Лука де Мео, претседател на одборот на директори на SEAT.
На доделување на наградите, жирито на „Autobest“ ги потенцираше факторите поради кои ја прогласи Ateca како најдобра опција за купување за клиентите: дизајн, удобност, лесно возење, најдобра вредност за парите и најдобра продажно-сервисна мрежа.
„Ateca има совршена комбинација на дизајн, удобност и технологија. Овој автомобил е совршен за урбаната џунгла и со своите теренски способности обезбедува спектакуларно возачко искуство на сите патишта. Токму поради тоа ние искрено веруваме дека Ateca е репер во овој автомобилски сегмент“, истакна Матијас Раб, заменик-претседател за истражување и развој во SEAT.
Првиот SUV на SEAT константно ги исполнува сите очекувања и е многу значајно возило за брендот. Не само затоа што му ја отвори вратата кон еден од најдинамичните пазарни сегменти, туку и зашто е возило кое компанијата се стреми да го користи за да се соочи со значајните предизвици на иднината меѓу кои се вбројуваат изнаоѓањето нови решенија и технологии.
Широкиот спектар на различности беше еден од факторите кои што добија највисоки оценки на „Автобест“. Бензинските турбо мотори TSI или дизел моторите TDI испорачуваат моќност од 115 до190 КС, автомобилот може да се добие со погон на предните или на сите тркала со мануелен или автоматски DSG менувач. Како најквалитетни беа оценети и бројните опции почнувајќи од целосни LED светлата до широкиот дијапазон на различни системи за помош при возењето, како што е асистенција за помош во сообраќаен метеж или новиот систем за итно сопирање, како и забавно информативниот систем со осуминчен екран на допир и Full-Link поврзување. Верзијата Xcellence нуди елегантна внатрешна завршница со Alcantara седишта. Што се однесува до безбедноста, на врвот на таа линија е системот за сопирање во град кој ги детектира пешаците и го предупредува возачот за можен судир. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

