Економија
„Леар“ отвори фабрика за кожени и платнени покривки за седишта во Тетово
„Лeар Корпорејшн“ (Lear Corporation), во четврток, отвори нова фабрика за автомобилска кожа и платно во Тетово, Македонија, за производство на навлаки за автомобилски седишта и сродни производи.
Новоизградената фабрика ќе ја замени времената локација што „Леар“ ја најави во мај, 2015 година и што на почетокот обезбеди работни места за околу 300 лица, наменета за сечење и шиење на кожа и платно. На свеченото отворање на „Лeар“ говорници беа македонскиот министер за странски инвестиции Веле Самак и министерот за економија Дритон Кучи.Фабриката има врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории, на приближно 12.000 квадратни метри, со простор за потенцијално проширување од дополнителни 8.000 квадратни метри.„Како светски лидер за седишта за луксузни возила и возила со високи перформанси, „Лeар“ (Lear) постојано се проширува, ставајќи акцент на понудата на квалитет и на нашата континуирана традиција на одлична оперативна ефикасност, успех во отпочнување со работа кој е водечки во индустријата и стручно и вешто изработени дизајни на тапацир“, рече Џенин Хенли, заменик-претседател на „Лeар“ за глобален дизајн на тапацир и високи занаетчиски вредности. „Нашиот тим од целиот свет се гордее со нашите глобални капацитети за опслужување на нашите клиенти во секој поголем регион и се радуваме на можноста за нашиот нов тим во Македонија да биде дел од нашиот континуиран успех. Би сакале да им се заблагодариме на сите кои работеа со нас во нашиот напредок во оваа фаза на работењето“, додаде тој. „Во дополнение на тоа што нуди навлаки за седишта и сродни производи за автомобили од светска класа, „Леар“ Тетово ќе даде придонес за локалниот регион во контекст на вработување и најмување на искусни професионалци за шиење како и лица кои неодамна го завршиле образованието во локалните образовни институции“, рече Свен Дам, Заменик претседател на „Леар“ за работа на тапацир за Европа и Африка. „Сите со кои остваривме локална соработка многу ни помогнаа и ние тоа навистина го цениме“. Покрај глобалните капацитети за седишта во областите на комплетна интеграција на автомобилски систем на седишта, занаетчиски работи, опции за дизајн и севкупна вредност, „Леар Корпорејшн“ е водечки светски добавувач на автомобилска кожа со врвен квалитет.„Леар Корпорејшн“ (Њујоршка берза (NYSE): LEA) е еден од водечките добавувачи на автомобилски седишта и електрични системи за дистрибуција. „Леар“ ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот и содржината на „Леар“ може да се најде на повеќе од 350 ознаки на производители на возила. Производите на „Леар“ кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од разновиден тим кој брои околу 140 000 вработени, распределени во 36 земји. „Леар“ во моментов е рангиран на 154-тото место од листата на „Форчун 500“ (Fortune 500). Седиштето на „Леар“ е во Саутфилд, Мичиген, САД./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

