Контакт

Македонија

(Видео) УКИМ за 11 години ќе остане без професори, Синдикатот бара итно вработување на 300 лица

Објавено пред

За 11 години, но можеби и помалку, сите редовни професори од државните универзитети ќе заминат во пензија и нема да има кој да ги замени, покажува истражувањето што го спровел Независниот академски синдикат (НАкС). На денешната прес-конференција реализирана во рамките на проектот „Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ“, поддржан од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, беа изнесени фрапантни резултати поврзани со структурата на вработените во јавните универзитети и научни установи, од кои јасно се гледаат последиците на долгогодишната несоодветна кадровска политика во овие сектори, особено во однос на наставно-научниот подмладок.

„На УКИМ, осум единици од универзитетот од вкупно 26, нема ниту еден вработен асистент. Во иднина оваа бројка невозможно е да ги замени 66-те професори што ќе заминат во пензија. Од друга страна, има една диспропорција – на единици со помал број редовни професори има поголем број асистенти отколку на оние единици кај кои бројот на редовните професори е многу голем. Состојбата со подмладокот на УКЛО (Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола) е уште полоша. Кај новоформираните универзитети состојбата е значително подобра од онаа на најстарите, како УКИМ и УКЛО. Бројот на асистенти на младите универзитети го надминува бројот на редовните професори. Оваа состојба се јавува и кај научните институти, каде што не се реализираат вработувања на млади истражувачи“, вели Маја Стевановиќ, претседател на НАкС.

На вчерашната средба со министерот за образование Арбен Адеми, Синдикатот добил ветување дека детаљно ќе бидат разгледани сите анализи и заклучоци и е постигнат договор да се изготви  колективен договор за високото образование.

„Интервентно вработување на 300 лица на УКИМ и 100 лица на другите јавни универзитети и научни установи. Најбргу што може да почнат преговори за потпишување колективен договор, во кој: платите на вработените во високото образование и науката ќе бидат пресметани во согласност со коефициент во однос на минималната плата. Итно да се формира национален совет за финансирање развој на високото образование и науката. Да се распише конкурс за финансирање национални истражувачки проекти“, се само дел од барањата што биле упатени на вчерашниот состанок со Адеми.

Професорката Мимоза Ристова ги презентира бројките кои покажуваат дека платите на вработените во виското образование во Македонија се најниско ниво од целиот регион.

„За илустрација, на универзитетите во Косово платите на професорите се 1.400 евра, а просечната плата таму е 350 евра. Платите на професорите во виското образование во Македонија се малку повисоки од просечната плата. Во овие бројки заостануваме и зад Албанија и зад Црна Гора“, рече Ристова.

Од анализата и статистиката за УКИМ во ова истражување се исклучени Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет поради тоа што наставниот кадар вработен во овие две високообразовни установи врши здравствена дејност и во јавните здравствени установи како неделива функционална целина со поделба на работното време.

Економија

Поврзување на студентите и академскиот кадар од УКЛО со бизнис-заедницата

Објавено пред

Во рамките на проектот „Мојата успешна приказна“, што го реализира Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и универзитетскиот Центар за кариера, алумни и доживотно учење за студентите и академската заедница на УКЛО, се одржа онлајн-средба со Виктор Мизо, генерален менаџер на KOSTAL Охрид.

Проектот „Мојата успешна приказна“ на УКЛО,`според проректорот Марјан Ѓуровски, е во функција на промоција на студиските програми и воспоставување поинтензивна соработка со бизнис-заедницата.

Овие настани треба да им помогнат на студентите да го запознаат деловниот свет, да стекнат искуство уште за време на студирањето и да развиваат знаења и вештини за развој на кариерата по дипломирањето. Проректорот Ѓуровски нагласи дека УКЛО создава услови за реализација на индивидуалните можности за усовршување на своите студенти, кои своето идно вработување може да го побараат во компаниите во земјата.

Освен за кариерниот и професионален развој, Виктор Мизо ја претстави компанијата што ја раководи и го потенцира значењето на студентската пракса како нужно дополнување на теоретските знаења и можност, тоа искуство да се имплементира во компаниите.

Во рамките на презентацијата беа предочени можностите студенти од УКЛО да се вклучат и да ги користат бенифитите од програмите, како што се „Инженери на тренинг“ и „Летна студиска програма“, кои нудат знаење и отвораат преспективи за вработување.

Виктор Мизо како директор на една од најуспешните странски инвестиции кај нас, која е дел од германскиот гигант и произведува автомобилска и индустриска електроника за најпознатите автомобилски брендови, оценува дека поврзувањето со студентите и акдемскиот кадар од УКЛО претставува продолжување и продлабочување на воспоставената соработка.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими и Николовски: Нулта толеранција за корупцијата и неформалната економија за забрзан и одржлив економски раст

Објавено пред

За подобра деловна клима и забрзан и одржлив економски раст, потребно е во континуитет да се работи на екосистем со нула корупција и праведна (лојална) конкуренција, каде што сите ќе го плаќаат својот дел од давачките. Во оваа насока се и 16-те мерки од акцискиот план за сузбивање на сивата економија на Министерството за финансии и 18-те мерки од „Акција 21“ – планот за сузбивање корупција, за кои министерот за финансии, Фатмир Бесими, и заменик-претседателот на Владата за борба против корупција, криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, дискутираа со претставници на бизнис-секторот.

Бесими рече дека сивата економија го нарушува интегритетот на целиот наш даночен систем, влијае штетно на буџетот и наплатата на приходите и со тоа ги скратува средствата за инвестиции во подобрo и поквалитетно здравство, образование и услуги за сите граѓани.

Toj истакна дека целта на акцискиот план за сузбивање на сивата економија на Министерството за финансии е преку дефинирани мерки и активности да ги зајакне механизмите за сузбивање на сивата економија. Тој посочи дека планот содржи 6 приоритети: 1) Унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија; 2) Ефикасни инспекциски служби; 3) Подобро деловно окружување за основање, раст и развој на компаниите; 4) Јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал; 5) Адресирање на сивата економија во е-трговија и 6) Мерки на Царинската управа во борбата против неформалната економија. Со спроведување на мерките и активностите во контест на овие приоритети се очекува намалување на сивата економија на среден рок за речиси 5-процентни поени, која сега се проценува на речиси 37 % од БДП во согласност со индикаторите на Меѓународниот монетарен фонд.

„Усвојувањето на овој акциски план е резултат на заложбата на државата да ја намали сивата економија имајќи предвид дека нема земја каде што сивата економија како феномен не постои. Одговорност е на државата да ја подобрува правната и економската околина, во која најлесен и најисплатлив начин за развој на бизнисите е легалното работење, водејќи се по принципите на рамоноправност, објективност и транспарентност преку обезбедување јасни прописи и правила лесни за следење и почитување, како и обезбедување санкции за оние што не ги применуваат и почитуваат“, посочи Бесими.

Вицепремиерот Николовски посочи дека заедно со неговиот тим активно работат на следење на економските процеси и подобрување на економските текови преку креирање соодветни мерки што помагаат во постојаната борба со корупцијата и криминалот. Овие мерки значително придонесуваат за зајакнување на бизнис-секторот и бизнис-релациите и создаваат состојби за непречено функционирање на компаниите. Во овој поглед се и интервенциите што се предвидени во делот на јавните набавки, како и воспоставувањето единствена точка за издавање лиценци за соодветни компании.

Николовски рече дека системските решенија претставени во планот за борба против корупцијата значително помагаат во поглед на креирањето поволна бизнис-клима, нудат сигурност и отвораат можности за развој на економијата во Северна Македонија.

„Корупцијата како општествено лоша појава предизвикува несакани последици, кои го нарушуваат доброто менаџирање и управување со бизнисите. Од исклучителна важност е да обезбедиме услови преку системски решенија и закони, кои ќе овозможат напредок на бизнисот, кои ќе придонесат за отворање нови претпријатија, ќе ја зголемуваат трговијата и извозот и ќе овозможат отворање поголем број работни места за младите генерации што се нашата иднина“, посочи Николовски.

Од бизнис-заедницата беше посочено дека дејствувањето во насока на решавање на овие два горливи проблеми, односно сивата економија и корупцијата, се неопходни за градењето на еден здрав економски систем, кој ќе продуцира додаена вредност и економски раст.

Прикажи повеќе...

Економија

Објавена топ-10 листа на земји од кои Македонците најмногу купуваат онлајн

Објавено пред

Во согласност со објавените податоци од Народната банка, Асоцијацијата за е-трговија ги анализира бројот и вредноста на реализирани онлајн-трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2020 година.

Од вкупниот износ во вредност од 62,3 милиона евра, кои Македонците во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за пазарење во странство, дури 73,6 % од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на 10 земји.

Најголема вредност на трансакциите, односно најмногу онлајн-плаќања Македонците реализирале кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска, и тоа донекаде е и очекувано имајќи предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство), WizzAir (Унгарија) и Facebook, Google (Ирска).

Најголем број трансакции со домашни платежни картички (вкупно 547.713) се реализирани во корист на веб-продавници базирани во Луксембург.

Од Асоцијацијата за е-трговија посочуваат дека за разлика од претходната година, значително е намален бројот на плаќања кон компании регистрирани во Обединето Кралство и Унгарија, што, според нив, се должи на драстичното намалување на патувањата и користењето на авиотранспортот.

Од аспект на вредноста на трансакциите, просечната трансакција со платежни картички од земјава кон Обединето Кралство изнесува 1.530 денари и кон оваа земја е реализиран најголем износ на плаќања.

Највисока просечнна вредност се евидентира од плаќањата кон Унгарија, каде што доминираат плаќања кон WizzAir и просечната вредност изнесува 5.566 денари, а најмала просечна вредност се евидентира кон Луксембург на износ од 645 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 908 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија2 часа

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија4 часа

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија4 часа

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет5 часа

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа6 часа

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион7 часа

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија7 часа

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион7 часа

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија8 часа

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа21 час

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија1 ден

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија1 ден

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа1 ден

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија1 ден

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион1 ден

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион1 ден

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа1 ден

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет1 ден

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија1 ден

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Досие