Македонија
(Видео) Тим од десет лица од Турција помага на детската кардиoхирургија во „Систина“
Тим од десет медицински лица со дваесетгодишно искуство од болниата „Аџибадем Бакарој“ во Истанбул, Турција му е ставен на располагање на домашниот тим во „Систина“ за операции на срце кај деца. „Систина“ од оваа есен прави операции на срце кај деца на товар на Фондот за здравствено осигурување.
Операциите ги врши тимот предводен од детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски, а турскиот тим ги надгледува и дава поддршка. Детскиот кардиохирург и професор Тајар Сариоглу од детската кардиохирургија во „Аџибадем Бакарој“ во Истанбул вели дека одлучиле да помогнат на детската кардиохирургија во Скопје поради големиот број пациенти од Балканот кај нив.
„Имаме многу пациенти од Балканот што доаѓаат кај нас. Ја забележавме потребата да се отвори детска кардиохирургија во ‘Систина’ и го забрзавме тој процес. Таму ќе работи тимот кој сега се формира, а засега тим од овде ќе патува во Скопје за да им помогне. Во тимот за поддршка има околу десет медицински лица, детски кардиохирург, анестезиолог, медицинска сестра, медицинкса сестра за интензивна нега. Сите имаат над дваесет години искуство“, вели професорот Сариоглу.
Само во Истанбул, Сариоглу вели дека се прваат по 600 операции на срце кај деца годишно од кои успешни се над 95 отсто. Една третина од пациентите што доаѓаат кај нив се деца со вродени срцеви маани, за кои докторот вели дека е најважно да бидат оперирани во првите три месеци по раѓањето.
Тој ја расчисти дилемата дали кардиохирург за возрасни може да оперира и деца, за која веќе неколку месеци се расправа во Македонија.
„Детската кардиохирургија е многу специфична гранка. Разликата помеѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Во никој случај не смее кардиохирург за возрасни да оперира деца. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас, и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохирургија“, нагласи Сариоглу.
Тој, заедно со тим од Турција, ги надгледувал четирите операции на срце кај деца направени изминативе две недели во „Систина“ по потпишувањето на договорот со Фондот за здравствено осигурување. Вели дека плановите на „Аџибадем“ се „Систина“ да стане регионален детски кардиохируршки центар кој ќе ги преземе пациентите од Балканот кои сега патуваат до Истанбул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

