Македонија
Измени на закони за подобрување на бизнис климата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/6ca0596d-ffa2-4381-8d73-05aa99eb20d8.jpeg)
Законот за парнична постапка, законот за вештачење и законот за процена ќе мора да се изменат поради подобрување на бизнис климата
„Со измените фокусирани сме да се скрати времетраењето на постапката пред судовите во Република Македонија, долгите постапки што траат долго време, значително да се скратат и со тоа ќе се постигне побрзо и поефикасно остварување на правата на субјектите во постапката, што значи заштеда на време и пари”, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.Законот за парнична постапка ќе овозможи осовременување на граѓанското процесно законодавство, законот за вештачење ќе содржи измени за професионалната страна на вештачењето кој ќе може да го извршуваат само компетентни лица.Целта на законот за процена е да овозможи идентификација и транспарентност во работата на овластените проценувачи, зголемување на нивните одговорности како и заштита на интересите на корисниците.„Од 1 јули 2010 година платните налози, кои што сега беа во судовите, најчесто платни налози за неплатени комунални услуги, ќе одат кај нотарите со што работата на судството ќе се растовари. Овие измени се од препорака на Советот на Европа, судовите да ги решаваат спорните судски предмети”, рече министерот за правда Михајло Маневски.Според Пешевски и Маневски со овие измени и олеснување на работата на корисниците ќе има мало подобрување во привлекување на странски инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/hristijan-mickoski-2.jpg)
„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај. Мерките со некакви „кошнички“ доживеаја дебакл. Наместо намалување се случи зголемување на цените на храната, на основните производи, затоа што власта им остави време и простор на трговците да ги зголемат“, соопшти СДСМ.
„Граѓаните беа принудени сами да се организираат и преку бојкот на маркети да кренат глас против високите цени и големите поскапувања.
И наместо веднаш да преземе мерки и да ги намали цените Власта на Мицкоски така си ги остава работите, ништо не прави за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами.
Мицкоски вели ќе разгледувале, ќе правеле анализи, ќе презентирале нешто на наредната седница на Влада.
Човекот што троши за една реклама на Фејсбук повеќе од една минимална плата си поигрува со народот кој секој ден плаќа поскапо а има помалку.
Па 8 месеци поминаа допрва ли ќе разгледува Мицкоски? Нели ветуваше дека ќе се намалат цените? Еве цените не се намалија, се зголемија, неспособноста излезе на виделина.
Власта има 6 милијарди евра буџет. Зошто едноставно не ги покачи платите? Што се чека?
Едноставен е одговорот, политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата а граѓаните се оставени сами на себе.
Секогаш кога ДПМНЕ е на власт се зголемува економската несигурност на семејствата, народот има се помалку пари, а се богатат само неколкумина во врвот на власта“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Економија
Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/durmishi.jpg)
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности, нетранспарентност и прекршувања на управните и законските процедури, направени од претходното раководство.
Прекршоци биле направени во постапката за јавна набавка. Во 2021 година е извршена набавка на софтвер за управување со апликации од физички и правни лица за потребите на Министерството во вредност од 2 милиона 490 илјади денари, но тој не е во функција и нема објаснување или извештај зошто овој софтвер не е пуштен во употреба.
„Има индиции за прекршување на процедурата бидејќи целиот процес е завршен во рок од 15 дена имајќи предвид дека се работи за софтвер што бара време и професионалност. Ревизијата констатира дека тоа претставува ризик и има прекршоци бидејќи целата постапка е завршена за две недели“, рече Дурмиши.
И во 2022 година бил склучен договор за јавна набавка за градежни работи поврзани со изградба на инфраструктурна линија и огради на парцелите на локацијата Манастирец во Македонкси Брод и на локацијата Амзабегови, Свети Николе, во вредност од 25 милиони денари (400 илјади евра). Од страна на ревизијата се констатира дека има неколку пропусти, кои се сомнителни, поврзани со тоа што, иако бил склучен договор со избраната фирма изведувач, овие работи воопшто не биле завршени, а тоа е изградбата на фотоволтаичен центар. Поради ваквото неспроведување и ваквата негрижа на поранешните раководители на Министерството, средствата предвидени од Министерството за економија не се реализирани. Во оваа насока, државата го загуби инвеститорот од кој би се остварил приход и би се отвориле нови работни места.
Неправилности, како што објави Дурмиши, има и во ангажирањето на лицата со договор на дело како во однос на присуство на работа така и во недостиг на докази, должности и обврски на работата и нивна соодветна професионална подготовка. Ревизијата констатирала и прекршоци во користењето на службените возила, како непополнување соодветна законска документација, вклучително и снабдување со гориво на овие возила.
„Исто така, во посебна управна постапка имаме сознанија дека државниот буџет е оштетен за 127.721.000,00 денари или приближно 2 милиона евра како резултат на непреземање мерки од страна на комисиите на Министерството во периодот од 2019 до 2023 година и државата да ја изгуби оваа сума. Бројот на предмети кои се застарени е 1.534 и за нив не може да се води понатамошна постапка“, рече министерот.
Тој ги повика надлежните органи да го преиспитаат извештајот од ревизијата. Рече дека сите што постапиле спротивно на законот ќе сносат одговорност.
Економија
Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/market-ceni.jpg)
Потребна е поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и доставувачите и увозниците, да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат доставувачите од манипулации со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените, што би се направило преку јавни кампањи за подигнување на свеста. Ваков е заклучокот на анализата што ја спроведе Сојузот на стопанските комори.
На состанокот со претставниците на малопродажните синџири и локалните клучни партнери исто така беше договорено меѓу сите малопродажни синџири и локалните клучни партнери да не се примаат нови ценовници минимум до крајот на првиот квартал оваа година.
„Бројките од анализата покажаа дека супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на доставувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи“, велат од ССК.
Се додава дека супермаркетите работат со просечна профитна маржа од 0,83 отсто, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32 прценти. Некои доставувачи, според анализата, имаат профитни маржи над 13 проценти, а супермаркетите остануваат под 3 проценти.
Анализата покажа екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни маржи шт осе далеку над оние на супермаркетите.
„Супермаркетите се соочуваат со најголема јавна критика за цените иако заработуваат значително помалку од производ од доставувачите. На листата на 15 најголеми доставувачи се покажува дека овие компании генерираат големи профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8 % од вкупниот приход на производителите, но 21,3 % од нивниот вкупен профит“, додаваат од Сојузот на стопанските комори потенцирајќи дека супермаркетите се важен фактор за вработеноста во државата, а производителите генерираат високи профити со значително помалку работници.
Анализата сугерира и дека маркетите никогаш не ги зголемуваат цените самостојно, промената се случува поради промените на цените на производителите или доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се направи, не се испорачуваат производите.
„Од ова произлегува притисокот врз маркетите и од потрошувачите или за цените или за недостигот на производи. Само во јануари до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 доставувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи. Дополнително, профитната маржа кај маркетите од година на година опаѓа за разлика од другата страна, каде што се зголемува. Во исто време, меѓународните доставувачи одржуваат значително поголем профит од супермаркетите. Тие вршат силно влијание врз пазарните цени ограничувајќи ја способноста на домашните трговци на мало да ги приспособат цените надолу. Бројките ја покажуваат вистината, супермаркетите не се причината за зголемените цени. Додека трговците работат со минимални профити, доставувачите продолжуваат да остваруваат значителни маржи, без да ги намалат цените“, велат од ССК.
Сојузот на стопанските комори на Македонија бара транспарентност и фер одредување на цените во целиот синџир на снабдување, па затоа повикуваат на поголема транспарентност затоа што време е да се адресира вистинската причина за високите цени и секој во процесот треба да има одговорност.