Македонија
АХБ:Месо од болни животни од Романија не е пуштено во промет
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја разбира загриженоста на јавноста која доаѓа од информацијата за појава на болеста Спонгиоформна енцефалопатија кај говедата (СЕГ) во Романија, или популарно наречена Болест на луди крави.
Ова се наведува во соопштението на АХВ објавено во четвртокот, во кое се истакнува дека според официјалните податоци на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), појавата на болеста била потврдена на 20.06.2014 година.
Болеста е утврдена при редовна контрола во кланица, што само по себе укажува дека системот за контрола на оваа болест воспоставен во Романија е ефикасен и дава резултати. Позитивното животно е издвоено од синџирот на исхрана и нештетно отстрането и затоа нема причина да се верува дека месо или производи од заболени животни со потекло од Романија претходно се ставени во промет.
Поради значењето на болеста, системите за контрола на болеста се еднакви во рамки на сите земји членки на Европската унија, во согласност со релевантната легислатива и националното законодавство на Македонија е усогласено со нив. Согласно важечките прописи, Романија при ставање во промет односно извоз во трети земји е обврзана да даде дополнителни гаранции во однос на СЕГ. Во моментов Романија е ставена во категоријата земји со незначителен ризик во однос на СЕГ, стои во соопштението.
Трговската размена со Република Романија во период од 01.01.2014 година до денес во однос на говедско месо и производи од месо од говеда е речиси незначителна. Во овој период увезени се вкупно 13.561 килограми говедско месо и тоа во периодот пред 01.05.2014 година. Пратките се пропратени со ветеринарно здравствен цертификат издаден од надлежните ромаснки служби
АХВ ќе продолжи да ја следи состојбата со болеста преку известувањата на Светската организација за здравствена заштита на животните и секако, доколку постои и најмал ризик по здравјето на граѓаните, ќе презема соодветни мерки, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.
Економија
„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката
АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.
Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.
Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.
Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.
Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.
Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.
Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.
Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.

